МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Mакедонските и српските поети Виктор Б. Шеќеровски и Ристо Василевски

Mакедонските и српските поети Виктор Б. Шеќеровски и Ристо Василевски 

i-nasi-poznati-autori

Во антологијата се претставени плејада современи поети што пишуваат на сите словенски јазици меѓу кои се и македонските и српските поети Виктор Б. Шеќеровски и Ристо Василевски

 

Во антологијата „Словопринесување” (Словоприношение) што неодамна ја објави Словенската литературна и уметничка академија во Варна, застапени поетите од 22 европски држави, меѓу кои и поети од балканските држави.

Во антологијата се претставени плејада современи поети што пишуваат на сите словенски јазици а и македонските поети и поетите од Србија (по азбучен редослед на името): Бранко Цветкоски, Весна Ацевска, Влада Урошевиќ, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Звонко Танески, Јовица Тасевски-Етернијан, Љубомир Груевски, Санде Стојчевски, Славе Ѓорго Димоски и Тоде Илиевски.

Од Србија: Виктор Б. Шеќеровски, Радомир Андриќ, Ристо Василевски, Милица Јефтимијевиќ Лилиќ, Зоран Х. Радисављевиќ, Љиљана Стејиќ, Срба Игњатовиќ, Горан Ѓорѓевиќ и Верољуб Вукашиновиќ.

Антологијата ја состави афирмираната бугарска поетеса Елка Њаголова, добитничка на единаесет национални и на неколку меѓународни книжевни награди, а илустрациите се на познатата ликовна уметничка Даниела Зекина.

Ова луксузно издание имаше промоција во Софија, а беше претставено во Варна, Москва, Берн, Загреб и Белград.

Промоцијата во Белград се одржа во просториите на Здружението на писателите на Себија.

Претстојат презентации во Задар, Варшава и Лондон.

И. Душица

Add a Comment