МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » 14 ноември Меѓународниот ден на толеранција

14 ноември Меѓународниот ден на толеранција 

Апелираме за толеранција меѓу граѓанките и граѓаните на почитување на различностите и солидарноста како одговор на штетните политики на структурите на моќта. Толеранцијата е патот кој води до еднаквост, слобода и и правда. Национализмот, шовинизмот и омразата ќе донесат само хаос и деструкција, а жртви се секогаш граѓанките и граѓаните.

„Говорот на омраза и делата сторени од омраза врз основа на расна, верска, етничка, полова, родова и сексуална ориентација како и институционализираната дискриминација врз основа на политичка припадност, кои се резултат на длабоко вкоренети предрасуди и омраза, неминовно продуцираа поделби и тензии, а последиците директно ги чувствуваат граѓанките и граѓаните кои секојдневно се лишени од соодветно остварување на правата од здравствената заштита, образование, социјални услуги, еднаков пристап при вработување како и еднаков пристап до правда и почитување на нивната различност“.

Изразувајќи го својот протест затоа што „човековите права и слободи, владеењето на правото и слободата на говорот останаа да бидат само декларативни заложби на хартија“, организаторите по повод Меѓународниот ден на толеранција ја искажуваат својата загриженост за сериозните нарушувања на состојбите со човековите права и слободи секаде каде живеат луѓе!

Add a Comment