МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » 12 години на Македонското здружение вардар од Ниш

12 години на Македонското здружение вардар од Ниш 

12-godina

На 25 декември 2014 година во просториите на здружението „Вардар“ од Ниш членовите ја прославија 12 годишнината на своето здружение.
Со гордост се потсетивме што се случуваше на 20 декември 2002 година, кога идеjата за формирање здружение се претвори во реалност. Здружението „Вардар” за овие 12 години стана едно респектабилно и почитувано здружение, a имаме и со што да се пофалиме. Би ни требало многу простор да ги наброиме сите активности за овие 12 години, затоа ќе се задржиме само на изминатата но мошне успешна 2014 година.

Остварени се значајни соработки со градските и општинските структури на власта, со јавните претпријатија, со културните, општествените и просветните организации, како и со електронските и пишаните медиуми. Горди сме на спроведените хуманитарни активности, горди сме со Тавче-гравче, манифестација на која здружението има освоено голем број златни медали за својата умешност во прикажување на македонската кујна, а ја покажа и својата умешност во етно изработка на предмети во ткаење, плетење и везење. Се гордееме за успешното поврзување на специјалните училишта од Скопје и Ниш, за успешната соработка со градските и општинските јавни и културни институции во градот и посебно сме горди за спроведените „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО НИШ”, кои се одржаа континуирано од 5 до 13 септември 2014 година.

Оваа манифестација беше финансирана како проект од Министерството за култура на Р.Србија, но и со донација од општината Медијана, од јавното претпријатие Паркинг сервис, печатницата Пунта и поединци.Чест да ја отвори манифестацијата имаше првиот секретар на македонската амбасада Ирена Вишинска Бужаревска, а изложбата на Македонските сликари кои живеат и работат во Србија беше поставена во галеријата на Нишкиот културен центар чиј претседател на ДЛУМС е г-дин Васил Галев. Голем број театарски претстави беа одржани во Ниш – „Парите се отепувачка“, а во Рибарска Бања , „Жена ми се вика Борис“, од страна на театарот од Демир Капија. Ревијата на најдобрите Македонски филмови прикажани во кино Купина ја отвори Македонскиот режисер и сценарист Владимир Блажевски, за на крај да завршиме со 12 македонска Вечер.

Со желба за среќни новогодишни и божиќни празници и голема благодарност до сите членови на здружението кои несебично ги поддржаа сите манифестации, ја завршивме оваа 2014 година горди и радосни во очекување на уште една поуспешна година.

Б. Илијевски

Add a Comment