МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелности » ЈОРДАН ГЕЛЕВСКИ: ДУХОВНИ ТРАГИ ВО ЗОНАТА НА СЛУЧУВАЊЕТО

ЈОРДАН ГЕЛЕВСКИ: ДУХОВНИ ТРАГИ ВО ЗОНАТА НА СЛУЧУВАЊЕТО 

jordan-gelevski

Ликовното творештво на Македонците во Србија е во сѐвкупната епопеја на балканската митологија     

Нивните слики допираат два света.

Едниот е на творецот со уметнички хоризонт, другиот е кај набљудувачот со индивидуален внатрешен процес.

Јордан Гелевски е роден 22. 04. 1941 година во Ново Село, покрај Струмица, Р. Македонија. Средно училиште за применета графика завршил во Скопје, а дипломирал 1967 година на факултетот за Ликовна академија во Белград, во класата на проф. Недељко Гвозденовиќ.

Работел како сликар за филмски и телевизиски декор и има повеќе од 50 остварувања, во земјава и во странство.

Учесник е на бројни самостојни и групни изложби.

За своето сликарско дело наградуван е со бројни домашни и меѓународни признанија.

Член е на УЛУС од 1973 година.

Живее и работи во Белград.

 

Во плејадата на бројните сликараи со македонско потекло во овие простори, видно место завзема Јордан Гелевски, кој инспиративната сликарска генеза ја гледа како нужен обрт донесен од времето со неочекувани противречности. Соодветно на животот, тие треба да се помират со неминовната реалност.

Есенцијалната спротиставеност неопходна за разбирање на сегашната вистина, секако влијае и во неговиот сликарски пристап кон искажаната желба светот да го препознава во апстрактниот експресионизам.

Во внатрешниот живот во сликите на Јордан Гелевски, место линијата, доминантна улога ја има бојата.

Со својата апстракција, таа истовремено ја носи директната порака од овој свет.

Гелевски не наведува на комплексно размислување, не само за сликарскиот јазик, туку и за човековото битие и неговите траги на изворот и влевот.

Сликите му се препознатливи како целосни композиции и во

нив најзабележлива е , како што велат ликовните критичари, акцијата на движењето.

И затоа најповеќе се пронаоѓа во филмската сценографија.

Тоа е остварениот внатрешен живот, што ја носи ширината на духовното интересирање на самиот автор.

ДУШИЦА ИЛИН

Add a Comment