МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Шеснаесет години од Нато агресијата

Шеснаесет години од Нато агресијата 

nato

Како „Милосрдниот ангел“ убиваше деца и ја уништи Србија!

Бомбардирањето на тогашна Сојузна Република Југославија од страна на НАТО силите, однесе многу човечки жртви.79 детски насмевки згаснаа, многу луѓе беа ранети и ги изгубија своите домови и работните места, а сето тоа се случи во таканаречената „хуманитарна интервенција“.

16 години поминаа од НАТО бомбардирањето на СРЈ и од операцијата позната како „Милосрден ангел“, која за 78 дена однесе 2.500 животи од кои 79 детски, додека 12.500 беа ранети, а штетата, нанесена на државата проценета е на повеќе од 30 милијарди долари!

Тој 24 март 1999 година, заглушувачкиот звук на сирената го исполни воздухот, а од НАТО базата „Авијано“ во Италија, полета „Милосрдниот ангел“ кон СРЈ и набрзо ја затресе цела земја.

Нападот почнал околу 20 часот и тоа без одобрување, што е најголем преседан. Нападнати биле касарните и против-воздушната одбрана на Војската на Југославија во Батајница, Младеновац, Приштина.

Во текот на 78 деноноќија, во 30.000 воздушни налети испалени се 50.000 разорни проектили, 2.500 луѓе настрадале, од кои 500 граѓани, и меѓу нив 79 деца. Ранети биле 12.500 жители. Речиси уништена инфраструктура, стопанство, училишта, здравствени установи, културни споменици, медиумски куќи.

Тогашната власт во Белград ја процени штетата на околу 100 милијарди долари и побарале надоместок од НАТО членките, но од друга страна, група српски економисти процениле дека штетата е 29.6 милијарди долари (податок, кој се зема за релевантен). Мошне интересна е и пресметката на италијанските аналитичари, кои предупредиле, дека за тие пари би можеле да се прехранат 79 милиони луѓе на планетата, онаму каде што владее глад.
Нема град или населено место кое било заборавено од НАТО. Најмногу настрадале Алексинац, Сурдулица, Куршумлија. Цели семејства останаа под урнатините. Во Алексинац згаснаа животите на семејството Милиќ, таткото Драгомир, мајката Драгица и нивната ќерка Снежана.

Под бомбите на „Милосрдниот ангел“, згасна животот на деветмесечната Бојана Тошовиќ и нејзиниот татко Божин од Мердар. Во Нови Пазар настрадале заедно Марко Симиќ (2) и неговиот татко Владан.
Во Батајница, убиена е тригодишната Милица Ракиќ. Во Владичин Хан, прегрнати ги изгубија своите животи матурантите гимназијалци, Милан Игњатовиќ и Гордана Николиќ. Бомба ја погоди на Варваринскиот мост Сања Миленковиќ (15), девојка на која професорите и предвидувале сјајна кариера на математичар.

Под урнатините на семејната куќа во Раља кај Сопот, се заврши животот на малите Стефан и Дајана Павловиќ. Во истиот момент, под налет на бомбите настрадал и нивниот татко Владимир. Во Мурина, Црна Гора, долго ги откопуваа телата на две девојчиња од Приштина, Јулијана Брудар и Оливера Максимовиќ, кои спас побарале кај роднини, а со кои настрадал и нивниот другар Мирослав Кнежевиќ.
Сликите од срушените новосадски мостови и изгорениот воз во Грделичка клисура, нема никогаш да избледнат од сеќавање, како ни уништениот ваљевски „Крушика“, чачанска „Слобода“, нишкиот пазар каде што беше убиена Љиљана Спасиќ, бремена во седми месец и студент по медицина, последна година.

Add a Comment