МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелности » Чувари и продолжувачи на мисијата на Словенските Апостоли

Чувари и продолжувачи на мисијата на Словенските Апостоли 

cuvari-apostoli

Писмените задачи на ученичките Сташа Спасов, Бојана Нинчевски и Милица Богојевски во категоријата за најмала возраст по македонски јазик се прогласени за најдобри.

На Смотрата на кириличната писменост „Читај убаво пишувај“ која по тринаесетти пат се одржа на Денот на словенската писменост во Народната библиотека „Стојан Трумиќ“ во Тител годинава за најдобри писмени задачи по македонски јазик во категоријата најмлада возраст за македонски јазик се прогласени творбите на Сташа Спасов од второ одделение, Бојана Нинчевски и Милица Богојевски од трето одделение.

На овој конкурс со свои творби напишани на часовите по македонски јазик, годинава учествуваа сите ученици од прво до трето одделение кои го учат предметот Македонски јазик со елементи на национална култура во ОУ „Гоце Делчев“ во Јабука.

Минатите пет години на оваа манифестација учествуваа и децата од македонската заедница во Војводина каде се изведуваше курсот по македонски јазик „Добредојдовте на македонски јазик“. Првите две години конкурираа децата кои го посетуваа курсот по македонски јазик од Пландиште, Јабука и Качарево, а наредните освен овие деца свои писмени задачи испраќаа и учениците.

Ова е еден од начините на чување и пренесување на јазикот на помладите генерации. Тие се најдобри чувари на традицијата и на културниот идентитет на големото словенско семејство и модерни продолжувачи на мисијата на словенските апостоли. Затоа оваа важна задача не треба да ја забораваат постарите.

Негувајќи го својот мајчин јазик во современиот свет каде е сѐ променливо и неизвесно младите го продолжуваат делото на словенските просветители. Тоа на едноставен но длабок начин покажува од каде потекнуваме и какво ни е минатото, исто така покажува какви сме, каде одиме и до каде сме дојдени.

Лилјана Лазареска

Add a Comment