МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Членството во ЕУ овозможува мир на Западниот Балкан

Членството во ЕУ овозможува мир на Западниот Балкан 

merkel

Регионалната соработка, економијата и мигрантите беа главна тема на средбата на канцеларката Ангела Меркел со премиерот Александар Вучиќ во Белград. Поради подготвеноста на Србија за компромис во дијалогот со Приштина, Белград ќе биде подржан за брзо отварање на поглавјата-изјави Меркел на пресс конференцијата, додавајќи дека и целиот регион и понатаму има европска персектива.

-Ние во 2003 г. на сите земји од Западниот Балкан им ја отворивме можноста за членство во ЕУ. Тоа е состојба која има взаемна корист, како за Западниот Балкан, така и за ЕУ. Во наш интерес е мирот на Западниот Балкан, а членството во ЕУ тоа го овозможува, рече Ангела Меркрл, Германската канцеларка.

Говорејќи за европската перспектива Меркел се осврна и на мигрантската криза во регионот, таа истака:

-Постоечкиот режим кој го имаме во Европа повеќе не функционира. Свесни сме на проблемот со големиот број мигранти што транзитираат. Во ЕУ се дискутира за тоа и никого нема да оставиме сами!

Српскиот премиер Александар Вучиќ и се заблагодари на Меркел за нејзината политика на мир во регионот, нагласувајќи дека е таа клучен играч за стабилизација на односите на Западниот Балкан.

-Сакам да и се заблагодарам на политиката на мирот и што води грижа за Западниот Балкан и Србија. Србија ќе продолжи со политиката на стабилност во регионот-констатираше Вучиќ.

Ова е втора посета на Меркел на Белград. Настанот го проследиа околу 70 медиумски куќи и 250 новинари.

Оливер Бранковиќ

Add a Comment