МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Членовите на НСМНЗ во работните групи на Работното тело за изработка на Акциониот план за поглавјето 23

Членовите на НСМНЗ во работните групи на Работното тело за изработка на Акциониот план за поглавјето 23 

akcioni-plan

На 26 јуни годинава, во Собранието на АП Војводина се одржа редовна седница на Координацијата на Националните совети на Националните малцинства во Р.Србија. На дневниот ред се најдоа осум точки кои побаруваа внимание на членовите на Координацијата. Покрај поднесениот извештај за активностите на Работното тело за изработка на Акциониот план за поглавјето 23 за преговорите со ЕУ, на оваа седница се дадени предлози за членови на подгрупи по области, кои ќе работат на анализа и подготвување на квалитетни предлози и материјали кои ќе се разгледуваат на Работното тело. Претседателот на Националниот совет на МНЗ во Србија, Борче Величковски, како постојан член на Работното тело ја искористи можноста да предложи во подгрупите претставници на македонската заедница,кои ќе бидат именувани во различните области.

Во подгрупата „Статусни прашања, забрана на дискриминација и законот за Национални совети“ покрај претседателот Величковски, кооптирана е Зорица Митровиќ – портпаролот на НС, во подгрупата „Културна автономија на припадниците на националните малцинства,образование, култура, информирање и службена употреба на јазикот и писмото” кооптирани се претседателкатана одборот за информирањеЕлисавета Ивановиќ, и претседателот на одборот за култура Синиша Новески, а во подгрупата „Стопанска положба на националните малцинства, демократска партиципација и меѓународна соработка со припадниците на националните малцинства“ кооптирани се Иван Митровски, потпретседатели  Славе Груевски, член на НС.

Претседателот Величковски, го задржа правото да предложи за кооптирање во подгрупите и други припадници на МНЗ, по потреба. Покрај оваа, една од битните теми беше и информирањето на јазиците на националните малцинства и нивното соочување со приватизацијата на медиумите. Заземен е став, во што поскоро време да се организира Конференција за печат во „Медија центарот“ на оваа тема.

На дневниот ред се најдоа и прашањата од делокругот на Координацијата кои ќе се решаваат во наредниот период, а тоа се кооптирање на членови во Националниот совет за култура-кандидатите се пред Унгарскиот и Влашкиот Национален совет, член на Националниот просветен совет-кандидат, истакна Националниот совет на Македонците и членови на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), каде што Националниот совет на Романците, Русините и Црногорците, истакнаакандидати.

На последната точка од дневниот ред се расправаше за изработка на Деловник за работа на Координацијата, со што ќе се подобри работата на ова заедничко тело на сите Национални совети во Србија.

З. М

Add a Comment