МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Црвена роза како знак на внимание

Црвена роза како знак на внимание 

osmi-mart

ВО ЈАБУКА ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА ЖЕНАТА

Насите жени кои присуствуваа им беше подарена по една роза, а во паузите можеа да пробат и традиционални македонски специјалитети.

По повод Меѓународниот ден на жената македонското здружение „Илинден-Јабука“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ по традиција и годинава организираше коктел на кој беа поканети и жени кои не се членови на здружението.

Владееше пријатна атмосфера во која покрај дружење претставничките на понежниот пол имаа прилика да запеат и заиграт по звуците на музичарите од Јабука. Насите жени кои присуствуваа им беше подарена по една роза, а во паузите можеа да пробат и традиционални македонски специјалитети кои и за оваа прилика ги направија вредните членки на здружението. Тие ги подготвија печивата, а мажите беа задолжени за пречекување и послужување.

-Жените од нашето здружение заслужуваат да им се посвети внимание бидејќи благодарение на нивниот труд и ангажирање насекаде каде одиме имаме успеси, истакна претседателот на здружението, Добре Трајковски.

Иако во сите активности заедно работат и си помагаат трудот кој е вложен во организацијата на овој ден кај жените предизвика прекрасни чувства.

-Навистина ни приредија еден убав празник, ретки се моментите кога ние ништо не работиме, рече Дара Стаменковска.

Членовите на здружението „Илинден –Јабука“ на овој начин Денот на жената го одбележуваат неколку години. Имаат идеи, но за нивна реализација потребни се повеќе средства.Тие се надеваат дека во иднина ќе можат програмата за одбележувањето на овој ден да ја збогатат и со други активности како што се екскурзии, предавања, културно-уметнички програми.

Лилјана Лазареска

Add a Comment