МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Успешно завршен првиот курс по македонски јазик во Чачак

Успешно завршен првиот курс по македонски јазик во Чачак 

cacak

Здружението на Македонците во Чачак успешно го органи- зира првиот бесплатен курс по македонски јазик. Почетниот курс од 40 часoви се одржа од 02. 04. до 22. 06. 2011 година во просториите на СУБНОР на градот Чачак. МНС ги обезбеди потребните учебници и работни тетратки за учесниците на почетниот курс. Првиот час имаше протокола- рен карактер.

Присуствуваа уче- сници од сите старосни структури, кои имаа желба да научат правил- но да го говорат јазикот на своите предци, на родителите, на брачни- от другар или на своите најдобри пријатели. Слушателите на курсот беа поделени во две групи: во прва- та група беа учесниците кои нема- ле допирни точки со македонскиот јазик и со македонската култура, – во втората група беа слушателите на курсот кои солидно го познава- ат македонскиот јазик.

Наставата ја водеше нашиот член на комисијата за писмо и ма- кедонски јазик, Александра Сто- јановиќ-Донев, професор по одде- ленска настава. Заинтересираноста и посетено- ста на слушателите на курсот беше голема. На часовите покрај тоа што се обработуваа лекциите и вежби- те од учебникот и од работната те- тратка, се читаа и слушаа делата на македонските современици. Слушателите на курсот активно учествуваа во наставата. Одѕивот беше мошне добар и ни дава на- деж дека успеавме да ги заинтере- сираме луѓето за зачувувањето на македонскиот јазик и македонска- та култура. Како што вели нашиот народ, каде и да сме, што и да пра- виме: не смееме да си ги заборави- ме корените.

Со нетрпение се очекува да поч- не второстепениот курс по маке- донски јазик. Во Чачак е воспоста- вена добра соработка со млади- те кои сè повеќе се заинтересира- ни за учење на македоскиот јазик, по завршувањето на првостепени- от курс. Ги повикуваме младите да се ја- ват преку своите пријатели, или другари, кои го завршија првосте- пениот кус, да се вклучат и тие за да го научат јазикот на своите ро- дители. На есен ќе организираме продолжување на курсот.

И. МИХАЈЛОВСКИ

One Response to Успешно завршен првиот курс по македонски јазик во Чачак

  1. Mr WordPress

    Hi, this is a comment.
    To delete a comment, just log in and view the post's comments. There you will have the option to edit or delete them.

     

Add a Comment