МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелности » Убедливост на дипломатското сведочење

Убедливост на дипломатското сведочење 

darko-tanaskovic

По повод книгатана Зоран Јанаќковиќ, БАЛКАНСКИ ТРИАГОЛНИК

Обемна и садржајна двотомната книга Балкански триаголник, во издание на Заводот за учебници, со која бившиот висок функционер на МНР и прв југословенски амбасадор во Македонија (1996-2000) Зоран Јанаќковиќсе приклучувакон низата свои колегишто одлучија јавно да сведочат или, како што вели тој,за „извештај до својот народ“, на најдобар начин и восекој поглед доаѓа како уверлива потврда на ставотзаповеќекратната оправданост и корисност на ваквиот вид продолжување како на дипломатската така и на патриотската мисија и по формалното окончувањена надворешно-политичкото ангажирање на авторот. Покрај тоа што е мошне садржајно, информативно и сознајно поттикнувачки, сведочењето на Јанаќковиќза службувањетово Македонија и запошироките околности што однадвор и одвнатре, влијаејаврз српско-македонските односиво еден навистина клучен период, речита е потврда на способностаза воздигање над ефемерностана сите политички „клацкалки“ и достоинствено залагање за суштинатана државнатапричина и урамнотежениот и самосвесен, реалистички национален став.

Делото на Јанаќковиќ е „книга са став“, цврст и непоколеблив став за тоа дека на српскиот народ и његовите држави, првин Југославија, а потоа Србија, во процесотна прекомпонирањена светот и Балканот по „студенатавојна“, со оркестрирана политичка, економска, пропагандна и воена кампањана т.н. „меѓународна заедница“ му е нанесена голема историска неправда, како и дека таквиотслед на настаните пресудно влијаешеврз постепената инволуција и зголемувањето на дистанцатаво српско-македонските односи, во што тој, како амбасадор во Скопје, имаше најнепосреден увид. Иако, значи, сосем јасен и изричен, ставот на Јанаќковиќ никако не е плод на некакво идеолошко предубедување или на догматска крутост, туку на разумно и трезно, ладнореалистично промислувањена сите релевантни политички, економски, безбедносни и културни дадености на едно време, за кои неговата книга штедро и чесно известува. Тојна своите тврдења и заклучоци не им дава вредносни конотации, туку прагматична употребливост за иднината, иако повеќе отколку јасно е дека не му е близок никаков морален неутрализам или „апсолутизиран релативизам“, за кои мнозина погрешно веруваат дека се предуслови за објективно мислење, научна метода и политичка успешност.

Дипломатското сведочење на Јанаќковиќ е посебно и поради тоа што во српската политичка култура, но не помалку и вонадворешнополитичката практика, постои неоправдана и штетна склоност кон занемарувањена значењето на односите со Македонија. Оваа инерцијаспротивна на сите рационални и објективни критериуми на нашиот државно-национален интерес има повеќе генератори, меѓу кои се секако и инхерентните слабости и реално незавидната положба на самата мала држава Македонија, растргнатапомеѓу внатрешнополитичките македонско-албански тензии и настојувањето тој заканувачки раскол да се амортизирасо потполно усогласување со политикатана западните центрина моќта (= Охридска спогодба), што воголема меркае суштински спротивно на виталните македонски национални интереси, вклучувајќи ја и нивната регионална димензија.

Add a Comment