МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » СТИХОВИ КАКО БЛАГОДАРНОСТ

СТИХОВИ КАКО БЛАГОДАРНОСТ 

stihovi-kao-blagodarnost

Соработката помеѓу Националниот совет на МНМ, здружението „Илинден –Јабука“ и ОУ „Гоце Делчев“ е постојана, сѐ се прави образованието на учениците да биде интересно и збогатено со нови содржини.

Под покровителство на НС на МНМ во Република Србија здружението „Илинден-Јабука“ на учениците кои го учат предметот Македонски јазик со елементи на национална култура и забавачињата кои годинава го запишуваат прво одделение во ОУ „Гоце Делчев“ на 14 април, вториот ден на големиот христијански празник, Велигден, подели подароци.

Неколку години наназад Националниот совет на МНМ ја спроведуваше оваа акција за новогодишните празници, а од пред две години им ја препушти на здруженијата.

-Со цел да се афирмира предметот Македонски јазик со елементи на национална култура во Република Србија, пакетчињата се делени и овој пат на сите забавачиња во Јабука. Вакви акции се спроведуваат и во другите места каде има поголема концентрација на Македонци, истакна Борче Величковски, претседателот на НС на МНМ.

Оваа средба со претставниците на македонската заедница е продолжување на долгогодишната соработка на училиштето со цел афирмирање и популаризација на предметот Македонски јазик со елементи на национална култура.

-Вакви средби и вакви разговори секогаш се добредојдени. Ние правиме сѐ образованието на нашите ученици да биде интересно и побогато, рече Милосав Урошевиќ, директорот на училиштето „Гоце Делчев“ во Јабука.

Соработката помеѓу Националниот совет на МНМ, здружението „Илинден –Јабука“ и ОУ „Гоце Делчев“ е постојана, а предметот Македонски јазик со елементи на национална култура во оваа училиште започна да се изучување пред три години.

На подароците најмногу им се радуваа забавачињата кои на гостите им подарија прекрасни стихови и песни.

Лилјана Лазареска

Add a Comment