МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Средба на Ѓорѓе Иванов И Маја Гојковиќ

Средба на Ѓорѓе Иванов И Маја Гојковиќ 

maja-gojkovic-ivanov

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, се сретнс со Маја Гојковиќ, претседател на Народното Собрание на Република Србија, која престојуваше во официјална посета на Македонија.

Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, на средбата искажал задоволство од размената на посети меѓу двете земји, оценувајќи дека контактите на највисоко ниво имаат посебно значење и даваат силен сигнал за натамошниот развој на пријателството и соработката меѓу Република Македонија и Република Србија.

- Претседателот Иванов и претседателот на српското Собрание Гојковиќ оценија дека улогата на парламентарната димензија во севкупната соработка меѓу двете земји е исклучително значајна. Претседателот Иванов ја поздрави досегашната и искажа надеж за натамошна уште попродуктивна соработка, се вели во соопштението од Кабинетот на македонскиот претседател.

На средбата било оценето дека заедничките седници на двете влади се ново поглавје во заемната комуникација, кое отвори можност за директнa и поефикаснa соработка.

- Нашите земји ги поврзува долга историска и културна традиција, имаме идентична визија за заедничка иднина во големото европско семејство и витален интерес за динамизирање на билатералните односи во сите области од взаемен интерес и покрај разликите во ставовите по одредени прашања кои се констатираат, но не претставуваат пречка за успешна соработка, истакнал претседателот Иванов.

На средбата особено била нагласена потребата од натамошно интензивирање на економската соработка, како и соработката во енергетиката и инфраструктурата.

Претседателот Иванов и претседателот на српското Собрание Гојковиќ размениле мислења и за состојбите во регионот.

Add a Comment