МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Средба на претседателите Николиќ и Иванов

Средба на претседателите Николиќ и Иванов 

nikolic

Во средината на месец март во Салцбург, претседателот на Р. Србија Томислав Николиќ, разговараше со претседателот на Австрија, Хајнц Фишер и со претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов.

После средбата со претседателот на Австрија, претседателот Николиќ се состана и со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Претседателот на Србија истакна дека билатералните односи на Србија и Македонија се сѐ подобри и дека со пуштањето на слобода на Владиката на православната охридска архиепископија Јован Вранишковски, се покажа искрена посветеност на Македонија во унапредувањето на билатералните односи со Србија, со што е затворено едно од најважните прашања.
Кога станува збор за економската соработка, Николиќ рече дека Србија е една од најважните надворешни трговски партнери на Македонија, како и дека постои значајна можност за унапредување и зголемување на обемот на стоковите размени.

„Србија и Македонија не ги дели ништо, освен физичката граница“, нагласи претседателот Николиќ.

О. Радвановиќ

Add a Comment