МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Србија шокирана од планот на Унгарија за ограда против имигранти

Србија шокирана од планот на Унгарија за ограда против имигранти 

srbija-sokirana-planom-madjara

Србија шокирана од планот на Унгарија за ограда против имигранти!

Србија веднаш одговори на унгарскиот план за подигање 4-метарски ѕид, со кој фактички илјадници бегалци ќе останат на српска територија. Премиерот Вучиќ е запрепастен.

-Тоа не е решение, Србија не е виновна за проблемот, нагласи премиерот на Србија Александар Вучиќ.

-Ние сме виновни како транзитна земја? Па, тие не влегоа низ Србија. Тие влегоа низ територијата на ЕУ. Од Бугарија и Грција, па преку Македонија во Србија. И, што сега ние треба да направиме. Да подигаме ѕид кон Македонија и кон Бугарија. Не, ние нема да подигаме ѕидови. Ви гарантирам за тоа. Србија нема себе да се затвора и да живее во Аушвиц, категоричен е Вучиќ.

Тој најави дека ќе разговара со унгарскиот премиер Виктор Орбан и европските претставници, додавајќи дека тоа пред сѐ е прашање на ЕУ! Официјален Белград веќе побара и помош од ЕУ-

Министерот за внатрешни работи на Р. Србија, Небојша Стефановиќ, ги повикува сите држави на ЕУ да помогнат со цел Србија да ги заштити своите граници со соседите од каде што мигрантите доаѓаат, бидејќи тие пред сѐ доаѓаат од земјите на ЕУ, од Грција и Бугарија.

Критики за Унгарскиот план за ѕидот доаѓаат и од Советот на Европа, додека Тања Фајон од Европскиот парламент изјави дека ваквата идеја е невкусна и непримерна!

Само во првите четири месеци во Србија влегле 54.000 имигранти, додека во целата 2014 год. нивниот број изнесувал 43.000. Во првите пет месеци од годинава евидентирани се 22 илјади апликации за азил, а само месецов над 3000 лица пристигнале во Прешево!

Белград е преплавен со имигранти. Најмногу ги има во близина на железничката и автобуската станица. Овдека сметаат дека Унгарскиот план за ѕидот не го решава проблемот, туку само ќе го зголеми криминалот со криумчарење на имигранти. Само вчера беа приведени 37 полицајци и цариници.

Оливер Бранковиќ

Add a Comment