МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Србија од јануари претседава со ОБСЕ

Србија од јануари претседава со ОБСЕ 

srbija-presedava-oebsom

Приоритет кризата во Украина и регионалната соработка

Покрај ОБСЕ, надворешно политичките приоритети на Србија годинава се продолжување на преговорите со Косово во Брисел и имплементација на тој договор, отворање на првите поглавја за членство во ЕУ…

Формалното претседавање на Србија со ОБСЕ, започнува во Виена со првата седница на Постојаниот совет на организацијата за европска безбедност и соработка, со која ќе претседава министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

Тој за медиумите изјави дека главни приоритети на српското претседавање ќе бидат решавање на кризата во Украина, замрзнатите конфликти и регионалната соработка на Западно- Балканските земји.

За своја предност ќе го имаме искуството на постконфликтна земја која била во транзиција кон демократијата- изјави Дачиќ.

„Ќе се обидеме да го пренесеме она што многу добро го знаеме. Дека дијалогот е единствен начин за надминување на проблемите. Регионалната соработка на Западниот Балкан може да послужи како пример поради што е издвоена во заедничкиот двогодишен план на работа кој го усвоивме со нашите партнери- Швајцарија како претходен претседавач“, нагласи Дачиќ.

Покрај ОБСЕ, надворешно политичките приоритети на Србија годинава се продолжување на преговорите со Косово во Брисел и имплементација на тој договор, отворање на првите поглавја за членство во ЕУ, но и  усогласување на надворешно- безбедносна политика со ЕУ особено кон Русија- на што ја повика Европскиот парламент.

Во поглед на регионалната соработка, во најава е возвратната заедничка седница на двете влади во Скопје, која се очекува да се одржи до почетокот на следниот месец.

 О. Бранковиќ

Add a Comment