МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Со Васил Хаџиманов, добитникот на наградата „Војин Малиша Драшкоци“

Со Васил Хаџиманов, добитникот на наградата „Војин Малиша Драшкоци“ 

hadzimanov

Нашата џез сцена е во експанзија

„Ако 25 години се слуша само еден жанр и се пуштаат турбо фолк и квазипоп, шаблонот е ист: тоа е систем за правење пари”,смета Васил Хаџиманов кој со својот бенд наскоро го издава својот нов албум.

Васил Хаџиманов е годинешниот добитник на наградата “Војин Малиша Драшкоци” што ја доделува Ворлд мјузик, асоцијација за придонес во музичкото создавање вдахната со традиционална музика. Препознатлив како предводник на водечкиот бенд што го носи неговото име, Васил често се занимава и со жанрот наречен ворлд мјузик, и тоа не само како изведувач туку и како композитор и аранжер. Наградата што ја примил пред неколку дена е втора по ред. Виолинистот Филип Крумес е првиот добитник на оваа награда, а кој беше ученик на Малиша Драшкоција, како што беше и самиот Васил.

-Драго ми е што наградата го носи неговото име, бидејќи навистина беше специфичен музичар но и ментор, и ако не беше Малиша не знам каде би бил јас денес. За среќа, благодарејќи токму нему, уште на 15 годишна возраст се заинтересирав за џез. Секако дека сум благодарен и за наградата, но и затоа што се обрнува внимание на еден голем ментор кој што создаде повеќе од десетина талентирани музичари. Тоа се пред сѐ музичари кои што останаа непоколебливи и доследни на вистинската музика и на најчистите побуди поради кои и се занимаваме со оваа работа”, вели Хаџиманов кој во Белград се врати кон крајот на деведесетите години по завршување на студиите на престижниот Беркли, а инаку е и постојан клавијатурист во групата Дарквуд даб.

Вели дека се сеќава на годините во Белград кога во многу клубови се свирело џез. “Атмосферата од деведесетите се повторува. Генерално. Со неа оди и таа некоја желба за квалитетна џез музика. Во деведесетите беше фасцинантно, но вистинито. Имавме петнаесетина клубови кои беа преполни. Сега се случува истото. Имаме неколку добри џез клубови кои наликуваат на чекални и кои изродија млади музичари што свират толку добро, па така и нашата џез сцена е подеднакво добра како и која било друга” -истакнува Васил, не криејќи го своето задоволство.

 

Зборува и за познатиот џезер Дејвид Бини кој го потврдил тоа и кој во октомври настапуваше на Белградскиот џез фестивал, заподоцна да се врати повторно во Србија воодушевен и од Белград и од нашата џез сцена.

-И од нашите млади музичари. Ете, во сето ова има и една светла точка. Џез сцената не се труди да опстојува, таа е во експанзија. За жал, многу од тие млади музичари гледаат како да побегнат оттука-додава нашиот соговорник.

Музичарот кој што во Њујорк свирел со великаните од светската џез сцена, а со Дејвид Бини и својот бенд работел заедно на последниот албум, признава дека е разочаран од состојбата на музичката сцена во Србија.

 

-Истата атмосфера е присутна веќе 25 години. Првата и 25та година во тој долг период не можат да бидат идентични. Но, ако 25 години работиш на монопол на медиумите да се пуштаат и слушаат само едни жанрови, турбо фолк и квазипоп, шаблонот е ист. Тоа е систем за правење пари. На хоризонтот не се гледа каква и да било желба за кој и да било друг атрибут, освен за тоа едно: како да се наплати. Резултатот е заглупување на народот. А талент постои-смета Хаџиманов.

 

Осврнувајќи се на приказната за кризата на авторството, за која многу музичари велат дека е присутна на српската сцена, еден белградски пијанист и композитор смета дека авторите денес станале малодушни и по малку мрзливи.
-И депресивниот момент е тука, а тој не може да донесе многу креативност. Меѓутоа, креативни луѓе постојат, само треба да им се даде можност. Своите пет минути ќе ги добијат само најупорните и највредните. И тогаш може нешто фантастично и да се направи. Но, ништо од тоа ако ги немаш и тие пет минути-смета Васил Хаџиманов.

 

Задоволен е со годината која измина и вели дека уште од почетокот на својата кариера сватил дека мора да го искористи својот талент на приспособување.

-Музичкиот, жанровскиот талент. Не го работам тоа за да преживеам, но ми помага во тоа. Професионално се занимавам со едукација, вонреден професор сум во Македонија, а тука е и филмската музика… И со сето ова заедно, човек останува непоколеблив, а може и сметките да ги плати”, искрен е Хаџиманов.

 

С. Чикариќ

Add a Comment