МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Состанок на работната група за изработка на Акциониот план за националните малцинства

Состанок на работната група за изработка на Акциониот план за националните малцинства 

akcioni-plan

Претседателот на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, Борче Величковски, како член на работната група за изработка на посебниот Акционен план за имплементација на постоечката нормативна рамка за заштита на националните малцинства, учествуваше на вториот по ред состанок на оваа група, организиран во Палата Србија во Белград.  На состанокот беше прецизирана динамиката на работата врз Акциониот план.

Претседателот на работната група, Чедомир Бацковиќ, истакна дека Акциониот план предвидува форматирање на посебните тематски подгрупи, кои би ги решиле одредените проблеми на националните малцинства. Според неговите зборови, од суштинско значење е прецизно одредување на методологијата и динамиката на изработка на самиот Акционен план.

Главниот експерт за изработка на планот,професорот Саша Гајин, ги претстави формалните и материјални елементи за изработка на самиот план и истакна дека една од најбитните ставки е обезбедување на поексплицитна гаранција во примена на Законот за националните малцинства.

На состанокот присуствуваа директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права Сузана Пауновиќ, државниот секретар во Министерството за државна управа и локална самоуправа Иван Бошњак, државниот секретар во Министерството за култура и информирање Саша Мирковиќ, претставници на Националните совети на националните малцинства, државните органи, институции, како и претставници на невладините организации и амбасади.

3. M

Add a Comment