МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Во неколку зборови » Состанок на претставниците на Националните совети со Министерот за просвета

Состанок на претставниците на Националните совети со Министерот за просвета 

nadleznosti-nacionalnog-saveta

Претседателката на Одборот за образование во македонскиот национален совет Маре Каранфиловиќ, учествуваше на состанокот на претставниците на националните совети на националните малцинства со министерот за просвета, наука и технолошкиот развој, д-р Срѓан Вербиќ и неговите сорботници. Во своето излагање, Маре Каранфиловиќ ги истакна сите предизвици и проблеми со кои се соочува македонското национално малцинство во своето образование.

Заклучоците од состанокот на Координацијата на Националните совети во Ковачица ги презентираше Светлана Золњан, претседателка на Одборот за образование на словaчкиот национален совет.

Министерот д-р Срѓан Вербиќ, истакна дека Министерството ќе се заложи за решавање на сите проблеми, дека Министерството е во целост отворено за малцинствата и нивните претставници, како и дека е неопходно заеднички и партнерски да се решаваат сите прашања.

Покрај општите теми кои претставуваат подеднакви предизвици за сите национални малцинства во Р.Србија, во текот на состанокот претставниците на националните совети, ги претставија и специфичните проблеми на националните малцинства кои ги претставуваат, како што се наставните планови и програми, учебници на малцинските јазици со елементи на националната култура, испит за лиценца, натпревар по познавање на  мајчиниот јазик, мониторинг и дефинирање на афирмативните мерки.

На состанокот, покрај претставниците на националните совети на националните малцинства, учествуваа и државната секретарка во Министерството за просвета Проф. д-р Зирана Лужанин, помошничка на министерот Весна Лукиќ, шеф на кабинетот Немања Ѓорѓевиќ и советничката задолжена за образование на националните малцинства, Јасмина Перуничиќ Ален.

ЗМ

Add a Comment