МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Симо Матавуљ – медал за поетесата Душица Илин

Симо Матавуљ – медал за поетесата Душица Илин 

simo-matavulj

Медал со ликот на „Симо Матавуљ, првиот претседател на Здружението на Југословенските писатели, ѝ беше доделен на македонската поетеса Душица Илин од страна на Здружението на српските писатели.

Во свечената сала на Здружението на српските писатели во Белград, на годишното собрание, кога како и секоја година здруженито врачува признанија и награди на заслужните, медалот „Симо Матавуљ” за 2014 год. ѝ припадна на македонската поетеса Душица Илин, наградена за исклучителен придонес во српската литература и меѓунационалната соработка во културата помеѓу српскиот и македонскиот народ и македонското малцинство.
Заблагодарувајќи се за престижната награда, поетесата Илин која повеќе од 30 години живее и твори во Србија, нагласи дека ова признание го прима „во името и на оние српски и македонски културни соработници кои во овие простори веќе долги години ги поврзуваат двата братски народа на полето на културата”.

Илин е авторка на 12 книги поезија, објавени на македонски и на српски јазик, на три антологии, избор на поезијата од сите добитници на престижната струшка награда Златен венец, за дваесет, дваесет и пет и триесет години од нејзиното втемелување.
Го има ставено својот потпис на повеќе преводи од македонски на српски и обратно, со што го акцентираше своето ангажирање во зацврстувањето на врските и соработката помеѓу македонското и српското творештво.

Поетскиот опус на Илин е преведен и објавен во повеќе земји, во САД, Полска, Турција, Романија, во балканските земји. Таа е добитник и на повеќе значајни книжевни награди.

З. Лазаревиќ

Add a Comment