МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Најнови вести » „СЕ СОБИРАМЕ ОТИ СЕ РАЗБИРАМЕ“

„СЕ СОБИРАМЕ ОТИ СЕ РАЗБИРАМЕ“ 

se-sobraime-zelenfest

Негување на традицијата „Зелникфест 2017

Непосредно на почетокoт на летото во прекрасниот амбијент на здружението ,,Вардар“ од Карачево, се одржа петтиот по ред ,,Зелникфест’’, оваа година наречен ,,Се собираме оти се разбираме.’’ Натпреварувачитегизедоасвоите сукала в раце, развлекуватеста и кори и направијавкусен македонски зелник.

Жиритоги дегустираше и оценувашенаправенитезелници, коиоваа година за прв пат се готвеа во пеќницата во склоп на просториите на здружението. Додеканетрпеливитенатпреварувачи и уштепонетрпеливите дегустатори чекаа да се испечатзелниците, најмладите од театарската трупа ,,ВидоеДојчиновски – Даскалот”, ја одиграапретставата ,,Јарецживодерец” и ги одушевија сите присутни.

Организаторите на оваавеќе традиционална манифестација, здружението „Вардар“ од Качарево и Центарот „ТошеПроески“, истакнуваат дека ваквитенивни настани имаат за цел усовршување на животните вештини, и дел се од проектоткој кој ги опфаќа и другите потреби во животот како што се основната информатичка писменост за возрасни и деца, плетење, везење, ткаење, кроење и шиење на основните делови на облека, па дури и запознавање со облеката од поранешно време и изработкана делови од носиите, зачувување на животната средина. Конкретно овој проект и организирање на еднаваква манифестација има за цел да го зачува, но и промовира овој дел од македонскиотнационален идентитет.

На петтиот по ред собир покрај учесниците и домаќините од Качарево, учествуваа и македонскитездруженија „ Илинден“ од Јабука, „Македониум“ од Белград,  „Форум на млади македонци“ од Белград, ,,Вардар“ од Вршац, ,,Вардар“ од Пландиште и„Етно катче“ Качарево, вкупно 18 мајстори на ова традиционално македонско јадење.

Иако официјално се прогласијапрвите три места за вештите раце на готвачите од здруженијата „Вардар“ од Вршац, ,,Вардар“ од Пландиште и ,,Вардар“ од Качарево,  сите направенизелницибеаизедени за многу кратко време, што во овај случај ја потврди поговорката дека сите се победници.

Меѓу гостите беа и претставници на македонскиотнационаленсовет, претседателотБорчеВеличковски со сопругата,  како и претставниците на локалната власт и жителите во Качарево.

З. Митровиќ

Add a Comment