МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Седница на Советот за националните малцинства – Активиран буџетскиот фонд за малцинствата

Седница на Советот за националните малцинства – Активиран буџетскиот фонд за малцинствата 

budzet1

На редовната седница на Советот на Република Србија за националните малцинства, одржана  на 23 мај во палатата Србија, Министерката за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ, која претседаваше со седницата, истакна дека по 15 години повторно е активиран Буџетскиот фонд за националните малцинства од буџетот на Министерството за државна управа и локална самоуправа, во износ од 1.800.000 динари, наменети за финансирање на проекти во областа на информирањето

 

Редовната седница на Советот на Република Србија за националните малцинства со која претседаваше Министерката за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ, се одржа на 23 мај во палатата Србија. На седницата, покрај претседателите или овластените претставници на Националните совети на националните малцинства, присуствуваа и другите членови на државните институции и министерства. Пред Министерството за надворешни работи помошникот Министер Вељко Одаловиќ, Министерството за информирање државниот секретар Нино Брајовиќ, Министерството за просвета, наука и технолошки развој државната секретарка Ана Марија Вичек, Канцеларијата за човекови и малцински права ВД директорката Сузана Пауновиќ, додека пред Министерството за државна управа и локална самуправа покрај Министерката присуствуваа и државните секретари Ана Лалиќ и Иван Бошњак, а во улога на специјален претставник на премиерот на Р.Србија на седницата присуствуваше Владимир Божовиќ.

На седницата беа разгледувани најзначителните прашања за унапредување на правата на националните малцинства во Србија. На членовите на Советот им беа претставени првиот и вториот извештај за спроведување на Акциониот план за националните малцинства, спроведените и планираните активности на државните органи како и законските решенија на чиишто измени се работи. Беше истакнато и дека во брзо реагирање е усвоен предлогот на Координацијата на националните совети за одржување на обука, на проекти кои ги финансира Европската Унија,а која ќе се одржи веќе на 24 мај во организација на Канцеларијата за човечки и малцински права.

Она што Министерката Ана Брнабиќ посебно го акцентираше беше активирањето на Буџетскиот фонд за националните малцинства кој со одлука на овој Совет се активира по 15 години „Исклучително е важно што на денешната седница, после петнаесет години, е активиран Буџетскиот фонд за националните малцинства од буџетот на Министерството за државна управа и локална самоуправа. Покрај редовните средства кои Националните совети на националните малцинства веќе редовно ги добиваат од Канцеларијата за човечки и малцински права, определени се и дополнителни средства во износ од 1.800.000 динари, наменети за финансирање на проекти од областа на информирањето на националните малцинства во Србија“, истакна Министерката Ана Брнабиќ.

Средствата ќе бидат определувани во рамки на Конкурсот за финансирање на проекти од областа на информирањето на националните маллцинства, на кој ќе можат да конкурираат организации, установи, институции чиј основач е националниот совет, како и оние организации кои се бават со информирање на малцинските јазици. Одлуката, кои организации и проекти ќе бидат финансирани, ќе ја донесуваат Националните совети.

На седницата, која се одвиваше во конструктивна атмосфера, пред Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија учествуваше претседателот на Советот Борче Величковски.

Add a Comment