МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Светската влада во сенка сака стабилен Балкан

Светската влада во сенка сака стабилен Балкан 

svetska-vlada

Претседателот Ѓорѓе Иванов имаше свое обраќање пред 180 преставници на светската економска и политичка елита, меѓу кои се и водечките лица на Светската банка, ММФ, Европската централна банка…

Во хотелот Краун Плаза за првпат Трилатералната комисија за Европа одржува состанок во Белград. Тој се одржува во целосна тајност и без присуство на медиумите. МТВ неофицијално дозна дека тема на средбата се Европските перспективи и односот помеѓу земјите на Балканот, енергетиката и Украина.

Претседателот Ѓорѓе Иванов имаше свое обраќање пред 180 преставници на светската економска и политичка елита, меѓу кои се и водечките лица на Светската банка, ММФ, Европската централна банка. Тука е и Питер Сатерленд- претседател на Голдман Сакс-најголемата инвестициска банка во светот, како и директорите на Ротшилд групацијата, Дојче банк, од Ројал Дач Шел, Сони, Форд, Боинг и други светски мултинационални компании.

Состанокот на Трилатералната комисија го отвори нејзиниот претседател Жан-Клод Трише.

„Ќе разговараме за европските прашања, за перспективата на европската интеграција, ќе ја испитаме сегашната ситуација со нашите руски и укаински соседи, ќе разговараме и за европските енергетски предизвици, како и за проширувањето“, рече Жан Клод Трише, претседател на Европската група на Трилатералната комисија.

Свое обраќање пред присатните имаше и српскиот премиер Александар Вучиќ.

„Досега Србија испушти многу историски моменти и после геополитичкиот земјотрес, Србија е во центарот на интересот. За нас од Западниот Балкан, како соседство секогаш ни е подобро во ЕУ“, рече премиерот на Србија, Вучиќ.

Како што дознаваме од кабинетот на претседателот, Иванов говорел на конференцијата на тема – Земјите од регионот на патот кон ЕУ и НАТО, посочувајќи ги фактите за проблемите со кои се соочува Македонија, укажувајќи притоа на селективниот пристап и двојните стандарди кон нашата држава.

Толерирање на непочитувањето на меѓународното право и пресудата од Хаг, како што изјавил Иванов, не придонесуваат кон стабилноста на регионот. Во дебатата што се отворила, Иванов предупредил за можните последици по безбедноста на регионот, предизвикани од статус-кво состојбата во евро-атлантските интеграции.

За крај додаваат од кабинетот, учеството на конференцијата Иванов ја искористил и за неформални средби со некои членови на трилатералната комисија.

Иванов оствари средба и со српскиот премиер Александар Вучиќ, на која, според неговиот кабинет е разговарано за прашања од сферата на економијата и крупните инфраструктурни проекти кои ги повзуваат државите во регионот, како и за евроинтеграциите.

Одлуките од Трилатералната комисија влијаат глобално на финансиските и економските текови и таа претсавува своевиден меѓународен совет за надворешна политика или Светска влада во сенка.

Како гости се повикуваат само оние чие мислење се цени. Покрај претседателот Ѓорѓи Иванов на состанокот присуствуваа и други лидери од регионот.

Претседателот Иванов ја продолжува посетата на Србија, во Панчево, каде ќе оствари средба со претставниците на бројната македонска заедница во Србија.

Оливер Бранковиќ

Add a Comment