МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Руски медиуми-посетата на патријархот Кирил во Белград има и политичка конотација

Руски медиуми-посетата на патријархот Кирил во Белград има и политичка конотација 

ruski

Во Белград, засега нема информации освен кусата вест од сајтот на СПЦ за заедничката литургија на епископите на Јован Вранишковски со рускиот патријарх Кирил и учеството на епископ Давид од ПОА во официјалните разговори на врвот на СПЦ со РПЦ. Ниту медиумите, ниту аналитичарите не му придаваат значење на овој настан-освен дека епископите на Вранишковски ги сметаат за членови на СПЦ, од каде и произлегува нивното присуство во Белград. Тука исто така нема реакции на пишувањата во повеќето македонски медиуми дека српскиот црковен клер побарал подршка од патријархот Кирил за разрешување на македонскиот архиепископ Стефан и ослободување на Јован.

Сеуште не е познат каков бил одговорот на рускиот патријарх и на неговите соработници од одделот за надворешни црковни односи во поглед на МПЦ, но со оглед на учеството на разговорите на Давид заедно со уште 4 епископи од СПЦ, меѓу кои биле бачкиот епископ Иринеј и Амфилохие, кои важат за најголеми противници на МПЦ – може само да претпоставиме.

-Но затоат руските медиуми пишуваат дека посетата на патријархот Кирил на Србија ја означува политичката подршка на Русија за надворешната политика на Србија. Така московски Комерсант констатира дека во услови на изолација на Западот- рускиот патријарх во Белград испратил сигнали дека православните народи треба да ги збијат редовите. Овој лист го цитира претседателот на руското здружение на експерти за религија-Роман Лукин, кој вели дека во услови на санкции, Србија станува стратегиски партнер не само на духовен, туку и на политички план. Во продолжение на текстот се издвојува и изјавата на српскиот претседател Николиќ кој оценил дека СПЦ може да се потпре на руската црква, а Србија има голема потпора кај Русија.

Оливер Бранковиќ

Add a Comment