МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Русија бара решителна акција

Русија бара решителна акција 

lavrov

Наместо политичка коректност Русија од ЕУ бара решителна акција против тероризмот на Балканот. Русија е загрижена од големоалбанските претензии!

Европската унија не треба инцидентите на Балканот да ги третира како изолирани случаи, без организирана позадина. Со тоа ја оправдува својата неефикасност- оценува рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. По средбата со српскиот колега во Белград тој рече дека Русија ги подджува акциите на македонската власт и ги повикува сите политички сили на дијалог, без спроведување на противуставни чекори.

-Во Македонија се манифестира т.н. менталитет на конфротација, односно ИЛИ-ИЛИ! Неможам да тврдам, но мислам дека настаните во Македонија се развиваат во контекст на одбивањето на македонската влада да се придружи кон санкциите на Русија и на поддршката што ја дава за изградба на гасоводот „Турски тек“. Неможам да го избегнам чувството дека тука постои одредена врска, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Лавров најави дека во наредниот периот Москва планира заедно со Брисел да ја разгледа состојбата во Европа, со посебен акцент на Балканот.

Според шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, кој воедно е и претседавач со ОБСЕ, меѓународната заедница треба порешително да ја осуди политиката на големоалбанскиот национализам.

-Србија не ја интересираат внатрешно-политичките работи во Македонија и кој ќе биде на власт. Србија, Русија, ЕУ, целата меѓународна заедница треба да ја интересира политичката и безбедоносната стабилност во Македонија која е значајна за целиот регион! Затоа ние најостро ги осудуваме настаните во Македонија и благите реакции на ЕУ која повикува на договор меѓу двете страни. Нема две страни со терористите, изјави Ивица Дачиќ.

Московските медиуми на посетата на Лавров на Белград ѝ даваат поширок контекст. Коментираат дека ова се случува во момент на засилена борба меѓу Русија и Западот за Србија.

О. Бранковиќ

 

Add a Comment