МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Работа и функционирање на Националните совети на националните малцинства

Работа и функционирање на Националните совети на националните малцинства 

rabota

Одборот за човекови и малцински права и рамноправност на половите во собранието на Р. Србија, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Србија и Програмата на Обединетите нации за развој, организираше јавно слушање на тема ,,Работа и функционирање на националните совети на националните малцинства.”

На собирот присуствуваа членовите на Одборот за човекови и малцински права и рамноправност на половите, претставниците на 17 национални совети на националните малцинства, претставници од Министерствата за култура и информирање, просвета, државна управа и локална самоуправа, од Канцеларијата за човекови и малцински права, како и претставниците од цивилниот сектор. Националниот совет на македонската национална заедница го претставуваа претседателот на советот Борче Величковски и портпаролот Зорица Митровиќ.

Воведните зборови ги дадоа претседателот на Одборот, а човекови и малцински права и рамноправност на половите во собранието на Р. Србија Мехо Омеровиќ, државниот секретар во Министерството за државна управа и локална самоуправа Иван Бошњак, директорката на Канцеларијата за човекови и малцински права Сузана Пауновиќ и Н. Е. амбасадорот Петер Буркхард, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Србија.

Мехо Омеровиќ истакна дека оваа јавна расправа е посветена на националните совети на националните малцинства и ги повика нивните претставници отворено да дискутираат за сите важни прашања, да ги изнесат проблемите со кои се соочуваат, за Владата да ги подреди во своите приоритети за решавање.

Иван Бошњак ги потсети присутните дека неодамна е формирана и посебна работна група за изработка на Акционен план за остварување на правата на националните малцинства. Тој истакна дека Акциониот план е можност неговите елементи да се имплементираат на сите три нивоа: републичко, покраинско и на локална самоуправа, како и дека основната цел за неговото донесување е врз мерливи резултати да се постигне повисоко ниво на заштита и остварување на правата на националните малцинства. Бошњак нагласи и дека до крајот на месецот (април) прв состанок би требало да има и Советот за националните малцинства, со кого претседава премиерот на Р.Србија, Александар Вучиќ.

Сузана Пауновиќ направи осврт на активностите кои ги спроведува Канцеларијата на човекови и малцински права, со цел за заштита и остварување на правата на националните малцинства во Србија. Таа истакна дека Канцеларијата настојува да го одржи континуираниот дијалог и размена на мислења со сите национални совети, со цел на поквалитетна заемна соработка.

Aмбасадорот Петер Буркхард, ги поздрави напорите на Владата на Р. Србија во настојувањата да се овозможи интеграција на националните малцинства во општеството, како и подготовките на Акциониот план, со кој ќе се обезбеди полесно остварување на правата на припадниците на националните малцинства. Мисијата ОБСЕ во Србија ќе продолжи да ја поддржува Владата на Р.Србија во изградбата на капацитетите на националните совети.

Во текот на расправата изнесени се прашањата околу моделите за соработка помеѓу советите и одборот за човекови и малцински права при собранието, финансирањето и средствата за работа со кои располагаат националните совети, како и заштита на колективните и индивидуалните права на националните малцинства. Се зборуваше и за потребата за департизација на советите, како и за унапредување во остварувањето на правата на националните малцинства во областите на информирањето, културата, образованието и употреба на јазикот и писмото.

Add a Comment