МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Профил на Даниел Кајмакоски: Убаво е кога припаѓаш некаде

Профил на Даниел Кајмакоски: Убаво е кога припаѓаш некаде 

daniel-kajmakoski1

Никогаш не знае човек каде ќе го однесе патот, што ќе му се случи и каде ќе си ја најде најголемата среќа. Љубовта кон татковината мора да опстане. Тоа нема врска ни со патриотизам ни со националност, едноставно љубовта кон една убава земја, богата со култура и историја, не е нешто што едноставно така треба да се даде

,,Секој од нас има своја ѕвезда која го следи додека е жив, кога свети силно човекот има среќа, кога гасне судбината… ‘’ По долг и трнлив пат, ѕвездатана младиот Стружанец Даниел Кајмакоскиконечно блесна во март оваа година, по неговата победа во првото издание на регионалното музичко шоу Х-фактор. Со својот моќен глас, позитивноста, скромноста и ентузијазмот, Кајмакоски ја освои балканската публика, од која доби и најголема поддршка во овој повеќемесечен натпревар.

-          Верувам дека Господ има совршен план за мене и точно знае каква ќе биде мојата судбина, а мое е да препуштам сè во негови раце. Затоа верував дека можам да победам, иако конкуренцијата беше јака. Пресреќен сум, таа шанса ја чекав цел живот – истакнува Кајмакоски.

 

Со Даниел разговараме во Форумот на млади Македонци во Белград. Го запознаваме со нашите активности и планови, се договоривме за соработка и заемна поддршка. Овој, во моментов, најпопуларен (млад) Македонец во Србија на сите нѝ даде пример како со упорност и храброст, слушајќи го своето срце, никогаш не е касно да го следиш и оствариш својот животен сон, совладувајќи ги на тој пат сите пречки.

 

Името како судбина

Кајмакоски вели дека неговата музичка кариера била решена додека бил уште во стомакот од мајка му.

-          Во годината кога сум роден, 1983, многу беше популарен Даниел Поповиќ, евровизиски претставник на бивша Југославија, кој го испеа хитот „Џули“. Мајка ми многу го сакаше и на брат миму велеше дека ќе има сестричка Џули, мислејќи дека ќе бидам женско. Кога сум дошол на свет, кога првпат ме држела во раце, таа ме гушнала, пожелувајќи ми добредојде во семејството и им кажала на сестрите дека ке бидам пејач. Нејзиниот инстинкт беше непогрешлив за сите нејзини деца. Татко ми, кој исто така е музичар и во тоа време свиреше армоника, својот бенд дента го крсти Даниел.

Струга – Виена

Даниел Кајмакоски е роден во Струга и е единственото дете на своите родители кое е родено во Македонија. Постариот брат е роден во Волсбург, Германија, а помалиот во Виена, каде што и денес живее семејството Кајмакоски.

-          Имав само 6 години кога фамилијарно ја напуштивме Македонија и многу патев заради тоа. Мојата Струга, езерото, природата, сè ми недостигаше. Доаѓањето во Австрија беше голем шок за мене, зашто дотогаш немав прилика да бидам во така голем град. Имав проблеми со јазикот, но интензивно го учев и го совладав, затоа што бев отфрлен од другите деца, а сакав да се вклопам. Музиката ми го отвори патот кон социјалниот живот – се сеќава Кајмакоски. – На крајот од првата година секој клас требаше да отпее нешто, а мојот клас одбра да пееме една српска или српскохрватска песна во која се пее за мирот, зашто во тој период беше војната на Балканот. Никој не го знаеше јазикот и не знаеја да се снајдат. Се пријавив да им помогнам и, на крајот, наместо цел клас да ја пее, јас ја испеав сам, пред публиката. Тоа ми го отвори патот кон нив, повеќе ме дружеа.

Уште како петгодишно дете во Македонија Даниел одеше со татка си секаде каде што свиреа со неговиот бенд и му даваше да удира на тарабука. Уште од тогаш научи многу за музиката, како и за почитта кон другите музичари. Приспособувањето кон новата животна средина во Виена често го тераше да ја остави музиката на страна, но по вселувањето во куќата, која во дневната соба имаше голем клавир, почнува да свири и ѝ се враќа на својата најголема љубов.

-          Се запишав во музичката гимназија во која запознав многу музичари и со нив го стекнав своето прво искуство за снимање, свирење и пеење во студио. Имавме импровизирано студио, кое сами го опремивме и тука се снимаа првите песни.

Вербата во себе и големата поддршка што ја имаше од своите родители, го турнаа на патот да си ја бара својата шанса во музичкиот свет, најпрвин во Австрија.

-          На 19 години учствував во Австрија во едно музичко шоу каде што го освоив 8 место од 12 во финалето. Тоа беше моето прво искуство на пеење пред толку публика, и на телевизија. Од тој пласман бев многу задоволен, затоа што бев единствениот странец. Но, тогаш се осетив како многу познат, почнав многу брзо да летам, и да се занесувам, и се разбира, паднав. Кога паднав долу, многу брзо се освестив, и затоа сега на Х фактор бев така воздржан и смирен. Неколку пати сум имал прилика да направам голема кариера, но викаат што погоре одиш поголем е притисокот од горе, кој те турка пак назад долу, а јас тоа неколку пати си го дозволив.

Трагајќи понатаму по својата среќа, во 2008 година заминува во Бугарија.

-          Тоа беше најтешкиот период во мојот живот, кога емотивно бев најниско. Повеќе од половина година бев во Бугарија и се занимавав со работи кои ќе ме тргнат од тие мисли. Не успеав, се вратив во Виена и продолжив да го барам спасот во музиката. Верував во музиката и така напишав неколку македонски песни. Ја зедов гитарата и ѝ реков на мајка ми: ,,Мамо, јас ќе си одам дома, во Македонија.“

По доаѓањето во Македонија, учествува на фестивалот Охридски трубадури, со авторска песна. Иако песната беше добро прифатена од публиката, еуфоријата многу бргу стивна. Ѕвездата сè уште не беше спремна да блесне.

-          Година и пол постојано бев во Македонија, каде имав соработка со некои продукции. Тропнав на многу познати врати, се претставив, ме слушнаа како пеам, слушнаа некои мои песни, но најчесто слушав ,,Што бараш овде? Гледај ја државава, зошто се враќаш, овде нема пари…“ Јас навистина не барав пари, јас барав спас во музиката, мене ми беше важно само да пеам. Ништо друго. Но, ете, така било пишувано, да не се препознаеме тогаш.

,,Red’’ направи ред

Следејќи го патот на својата ѕвезда, во која сè уште цврсто веруваше, замина во Хамбург, каде што за првпат во Европа се организираше натпреварското шоу Х-фактор. Но, уследи ново разочарување.

-          Бидејќи успеав да поминам неколку кругови, ми соопштија дека мене не ми треба Х-фактор, дека не сум за тука и дека тие се убедени оти сам ќе си го најдам својот пат. Тоа потполно ме скрши и не сакав веќе да слушнам за музика. Уште од Германија се јавив кај еден пријател во Виена да прашам на градилиштето, каде што тој работеше, дали има место за мене. Трите наредни години работев таму. По речиси една година напредував и му бев десна рака на шефот. Тоа не беше работа како што најчесто овде ја замислуваат и претставуват. Јас имав своја канцеларија, службена автомобил, службен телефон, два стана, еден во Грац, еден во Виена. Беше напорно, ама не се жалев. Работата многу ја ценам.

Но, дојде време повторно да ги спакува куферите и да дојде во Белград поради Х- фактор.

За Х-факторот во Германија ја подготвував песната Red од Daniel Merriweather, што многу ми се допадна и постојано ја вежбав. Од продукцијата нѝ дадоа листа од 10 песни, од кои требаше да избереме една, и да испееме една по наш избор. Ја одбрав пенсата Helloод Lionel Richie. Тука имаше 60 луѓе, од нив требаше да поминат само 6 и тие 6 ќе ја пеат песната што сами ја избрале. Ја пеев Hello, ама не успеав да влезам понатаму за да ја отпеам Red. Во Белград подготвував десетина песни за аудицијата и кога одлучував која ќе ја пеам, во консултација со моите пријатели, дојдовме до Hello. Но, ме копкаше цело време, ме вознемируваше да не ми се случи.

 

Струга – Виена

Даниел Кајмакоски е роден во Струга и е единственото дете на своите родители кое е родено во Македонија. Постариот брат е роден во Волсбург, Германија, а помалиот во Виена, каде што и денес живее семејството Кајмакоски.

daniel-kajmakosiki2Имав само 6 години кога фамилијарно ја напуштивме Македонија и многу патев заради тоа. Мојата Струга, езерото, природата, сè ми недостигаше. Доаѓањето во Австрија беше голем шок за мене, зашто дотогаш немав прилика да бидам во така голем град. Имав проблеми со јазикот, но интензивно го учев и го совладав, затоа што бев отфрлен од другите деца, а сакав да се вклопам. Музиката ми го отвори патот кон социјалниот живот – се сеќава Кајмакоски. – На крајот од првата година секој клас требаше да отпее нешто, а мојот клас одбра да пееме една српска или српскохрватска песна во која се пее за мирот, зашто во тој период беше војната на Балканот. Никој не го знаеше јазикот и не знаеја да се снајдат. Се пријавив да им помогнам и, на крајот, наместо цел клас да ја пее, јас ја испеав сам, пред публиката. Тоа ми го отвори патот кон нив, повеќе ме дружеа.

Уште како петгодишно дете во Македонија Даниел одеше со татка си секаде каде што свиреа со неговиот бенд и му даваше да удира на тарабука. Уште од тогаш научи многу за музиката, како и за почитта кон другите музичари. Приспособувањето кон новата животна средина во Виена често го тераше да ја остави музиката на страна, но по вселувањето во куќата, која во дневната соба имаше голем клавир, почнува да свири и ѝ се враќа на својата најголема љубов.

-          Се запишав во музичката гимназија во која запознав многу музичари и со нив го стекнав своето прво искуство за снимање, свирење и пеење во студио. Имавме импровизирано студио, кое сами го опремивме и тука се снимаа првите песни.

Вербата во себе и големата поддршка што ја имаше од своите родители, го турнаа на патот да си ја бара својата шанса во музичкиот свет, најпрвин во Австрија.

-          На 19 години учствував во Австрија во едно музичко шоу каде што го освоив 8 место од 12 во финалето. Тоа беше моето прво искуство на пеење пред толку публика, и на телевизија. Од тој пласман бев многу задоволен, затоа што бев единствениот странец. Но, тогаш се осетив како многу познат, почнав многу брзо да летам, и да се занесувам, и се разбира, паднав. Кога паднав долу, многу брзо се освестив, и затоа сега на Х фактор бев така воздржан и смирен. Неколку пати сум имал прилика да направам голема кариера, но викаат што погоре одиш поголем е притисокот од горе, кој те турка пак назад долу, а јас тоа неколку пати си го дозволив.

Трагајќи понатаму по својата среќа, во 2008 година заминува во Бугарија.

-          Тоа беше најтешкиот период во мојот живот, кога емотивно бев најниско. Повеќе од половина година бев во Бугарија и се занимавав со работи кои ќе ме тргнат од тие мисли. Не успеав, се вратив во Виена и продолжив да го барам спасот во музиката. Верував во музиката и така напишав неколку македонски песни. Ја зедов гитарата и ѝ реков на мајка ми: ,,Мамо, јас ќе си одам дома, во Македонија.“

По доаѓањето во Македонија, учествува на фестивалот Охридски трубадури, со авторска песна. Иако песната беше добро прифатена од публиката, еуфоријата многу бргу стивна. Ѕвездата сè уште не беше спремна да блесне.

-          Година и пол постојано бев во Македонија, каде имав соработка со некои продукции. Тропнав на многу познати врати, се претставив, ме слушнаа како пеам, слушнаа некои мои песни, но најчесто слушав ,,Што бараш овде? Гледај ја државава, зошто се враќаш, овде нема пари…“ Јас навистина не барав пари, јас барав спас во музиката, мене ми беше важно само да пеам. Ништо друго. Но, ете, така било пишувано, да не се препознаеме тогаш.

,,Red’’ направи ред

Следејќи го патот на својата ѕвезда, во која сè уште цврсто веруваше, замина во Хамбург, каде што за првпат во Европа се организираше натпреварското шоу Х-фактор. Но, уследи ново разочарување.

-          Бидејќи успеав да поминам неколку кругови, ми соопштија дека мене не ми треба Х-фактор, дека не сум за тука и дека тие се убедени оти сам ќе си го најдам својот пат. Тоа потполно ме скрши и не сакав веќе да слушнам за музика. Уште од Германија се јавив кај еден пријател во Виена да прашам на градилиштето, каде што тој работеше, дали има место за мене. Трите наредни години работев таму. По речиси една година напредував и му бев десна рака на шефот. Тоа не беше работа како што најчесто овде ја замислуваат и претставуват. Јас имав своја канцеларија, службена автомобил, службен телефон, два стана, еден во Грац, еден во Виена. Беше напорно, ама не се жалев. Работата многу ја ценам.

Но, дојде време повторно да ги спакува куферите и да дојде во Белград поради Х- фактор.

-          За Х-факторот во Германија ја подготвував песната Red од Daniel Merriweather, што многу ми се допадна и постојано ја вежбав. Од продукцијата нѝ дадоа листа од 10 песни, од кои требаше да избереме една, и да испееме една по наш избор. Ја одбрав пенсата Helloод Lionel Richie. Тука имаше 60 луѓе, од нив требаше да поминат само 6 и тие 6 ќе ја пеат песната што сами ја избрале. Ја пеев Hello, ама не успеав да влезам понатаму за да ја отпеам Red. Во Белград подготвував десетина песни за аудицијата и кога одлучував која ќе ја пеам, во консултација со моите пријатели, дојдовме до Hello. Но, ме копкаше цело време, ме вознемируваше да не ми се случи пак истото. Еден ден пред аудицијата, се јавив и ја сменив песната. Ја отпеав Red и така Red направи ред.

Иако, уште на почеток ги освои срцата на балканската публика и стекна голема популарност, Даниел не се чувствува како ѕвезда. Цврсто стои на земјата и нестрпливо го очекува својот прв албум, кој ќе излезе до крајот на оваа година. Вредно работи на материјалот за албумот, кој ќе биде мешавина не само од стилови туку и јазици – српско, хрватски, македонски и англиски, ќе има неколку дуети и ќе биде многу модерен.

-          Целта ми е да бидам во Белград, зашто тука е центарот на сите дестинации каде што би требало во иднина да одам. Србија, Босна, Хрватска, секако и мојата Македонија. Не планирам да имам многу настапи по клубови или дискотеки. Повеќе би сакал да имам концерти. Себеси се замислувам како Оливер Драгоевиќ, тој има релаксирани настапи и концерти, не мора да ја крене публиката на нозе, туку ќе ги допре емотивно, со пеење.

За Македонците во Србија

Како еден од ,,најновите’’ сограѓани, за крај им испрати порака на Македонците во Србија:

-          Никогаш не знае човек каде ќе го однесе патот, што ќе му се случи и каде ќе си ја најде најголемата среќа. Љубовта кон татковината мора да опстане. Не, тоа нема врска ни со патриотизам ни со националност ни со ништо. Љубовта кон една убава земја богата со култура и историја не е нешто што едноставно така треба да се даде. Знам дека човекот живее по навики и дека времето и местото каде што живеат луѓето си го прават своето, но кој ќе веруваше дека мојата среќа ќе биде најголема токму во Македонија, по 25 години. Точно мојот народ беше тој што најмногу ме ценеше. Мојот народ беше тој што ми покажа најмногу љубов и најмногу поддршка. И за мене лично, по толку многу години во странство, ми изгледа убаво да се вратиш негде каде што можеш да кажеш дека тука припаѓаш. Убаво е да припаѓаш некаде, тоа чувство јас го барав 25 години. Тоа нека биде мојата порака.

Зорица Митровиќ

Add a Comment