МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Продолжува соработката

Продолжува соработката 

sorabotkata

Промоцијата на научната и преведувачката дејност претставува обид да се оддаде почит на преведувањето бидејќи тоа претставува начин на поврзување на народите од различни јазици и подрачја. Исто така тоа претставува мост преку кој можат да се доближат уметноста и литературата, а преку нив можеме да видиме дека сме многу блиски, многу слични иако имаме свој идентитет и свои специфичности.

На 59-тиотСаем на книгите во Белград на заедничкиот штанд „Војводина повеќе од книга“ НИУ „МИИЦ“ промовираше 16 нови наслови кои излегоа од печат во периодот помеѓу два саема, преведувачката дејност на Илија Бетински и неговата книга „Беровски говор“.

На промоцијата покрај авторите на новите наслови отпечатени во оваа идавачка куќа, авторите на преведените книги од Илија Бетински присуствуваа и многу поети и пистаели гости од Друштвата на писателите од Македонија и Србија, меѓу кои беа Веле Смилевски, Раде Силјан, Кочо Топузовски, Христо Петрески, Славе Ѓорго Димовски, Радомир Андриќ, Ристо Василевски, Адам Пуслојиќ, Миљурко Вукадиновиќ, Војислав Максимовиќ и други. Изданиајта од „МИИЦ“ ги претстави директорот на Издавачката установа Виктор Б. Шеќеровски кој го истакна значењето на преводите и препевите направени во изминатата година.

-Илија Бетински навистина вложи голем труд во изминатиот период во издавачката дејност. Двојазичните изданија ги доближуваат културите и ги зацврстуваат врските меѓу народите, истакна Шеќеровски набројувајќи ги новите наслови издадени во периодот меѓу два саема.

На промоцијата присуствуаа проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Елена Јованова Грујовска, научни работници лингвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје каде е отпечатена книгата „Беровски говор“ на Илија Бетински.

-Промоцијата на оваа книга на Саемот поттикнува да се продолжи со соработката меѓу двата народа на културно, уметничко и научно поле. Еден од тие соработници кои што ги сплотува народите е Илија Бетински и сите присутни пријатели на македонскиот убав збор, рече проф. д-р Веселинка Лаброска на промоцијата.

И проф. д-р Елена Јованова Грујовска смета дека делата на овој автор претставуваат врска помеѓу давата народа.

-Препевите и преводите на Бетински претставуваат мост преку кој можат да се доближат уметноста и литературата, преку нив можеме да видиме дека сме многу блиски, многу слични иако имаме свој идентитет и свои специфичности.

Главна цел на промоцијата на научната и преведувачката дејност претставува обид да се оддаде почит воопшто на преведувањето бидејќи тоа претставуав начин на поврзување на народите од различни јазици и подрачја смета Илија Бетински.

-Во таа смислаНИУ „МИИЦ“ оваа година направи голем напор во издаваштвото и тоа во моментот кога нема доволно финансиски средства, нагласи Илија Бетински, авторот на книгата „Беровски говор“.

 Лилјана Лазареска

Add a Comment