МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Признание за претседателот Ѓорѓе Иванов

Признание за претседателот Ѓорѓе Иванов 

george

Претседателот Иванов, доби признание „Специјална златна плакета“, кое во името на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија му го врачи претседателот Борче Величковски за посебен придонес во зачувувањето на идентитетот на Македонците во Република Србија ипоради неговите заложби и несебичен личен ангажман за зачувување на името, честа, идентитетот, традицијата и културата на македонскиот народ во светот. Златната плакета македонскиот претседател ја добива по повод 10 годишнината од институционалното организирање на Македонците во Србија, во пресрет на националниот празник 2-ри Август – Илинден.
„Претседателот Иванов секогаш одвојуваше време да се сретне со нас и да ги слушне предизвиците со кои што се соочува нашата организација, како и да помогне во надминувањето на истите, и ние тоа високо го цениме. Ќе продолжиме и во иднина да ги претставуваме македонските интереси и да бидеме најдобри амбасадори на Република Македонија во Република Србија“, рече претседателот на Националниот совет, Борче Величковски.

Add a Comment