МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Претставници од германскиот Институт за човекови и малцински права во посета на Јабука

Претставници од германскиот Институт за човекови и малцински права во посета на Јабука 

predstavnici-germanskog-instituta

Претставници на Институтот за човекови и малцински права, кој се наоѓа во градот Улм во Германија, ја посетија Јабука.

Околу педесетина претставници и стручни лица во оваа област, беа заинтересирани за животот на македонската заедница во Србија, особено во Јабука и степенот на остварените права во заштитата на идентитетот, културата, јазикот, информирањето и образованието. Домаќини на уважените гости беа Домот на културата „Кочо Рацин“ и Здружението на ЗГМНЗ „Илинден” од Јабука, како и Националниот совет на МНЗ во Србија.

Во повеќечасовен разговор и дружење, претставниците на Институтот беа запознаени со досегашните активности на македонската заедница во Србија, а направена е и едукативно-информативна обиколка на Јабука. Договорено е, по објавувањето на ова истражување од страна на Институтот, да се направи и возвратна посета.

Гостите искажаа голема благодарност за гостопримството, со спремност, како институт, да помогнат во развојот на МНЗ во Србија.

Add a Comment