МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелности » Претседателот Ѓорѓе Иванов го посети штандот на НИУ „МИИЦ“

Претседателот Ѓорѓе Иванов го посети штандот на НИУ „МИИЦ“ 

ivanovnaniumic

Во склопот на официелната посета на Р. Србија, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, го посети 59 Меѓународен самем на книга и штандот на НИУ Македонски и издавачки центар, кој е дел на „Војводина повеќе од книга“, при Покраинскиот секретаријатот за култура и јавно информирање.

Во името на Националниот совет на македонската заедница во Србија и од иемо на НИУ „МИИЦ“ му се заблагодари директорот Виктор Б. Шеќеровски на укажаната чест и кратко го информира за дејноста на оваа установа.

-Она што е исто така значајно е и заедничката врска на почитување и љубов кон различностите во творечките патишта, истовремено и кон остварувањето и негувањето на сопствената култура без обзир на различностите и разликите во однос на нашата матица и негувањето на националниот дух и самосвојниот македонски јазик, рече директорот и главен уредник на Македонскиот центар.ivanovna

Поздравувајќи ги високите гости, одговорната уредничка на Штандот, Илеана Урсу – Ненадиќ, изрече мошне пофални зборови за активностите на НИУ „МИИЦ“, а особено го апострофира списанието за книжевност, култура и уметност ВИДЕЛО, за кое рече дека е своевиден книжевен проект кој во Србија на македонски јазик ги поврзува двете култури.

Покрај претседателот Иванов и неговата сопрога, беше присутна и амбасадорката на Р. Македонија во Белград Вера Јовановска – Типко со своите соработници.

Претседателот Иванов беше почестен со монографија КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ВОЈВОДИНА, објавена од Покраинскиот секретаријат за култура и информирање.
Д. Илин

Add a Comment