МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Претседателот на македонскиот национален совет во работната група за изработка на Акционен план за малцинствата во Србија

Претседателот на македонскиот национален совет во работната група за изработка на Акционен план за малцинствата во Србија 

manjine-kljucni-partner

Конституирана е работна група на Владата на Р. Србија за изработка на Акционен план, за остварување на правата на националните малцинства за поглавјето 23, во рамките на процесот на евроинтеграциите. Во работната група како член е и претседателот на Националниот совет на МНЗ во Србија, Борче Величковски.

Врз основа на членот 23 став 2 од Законот за државна управа и членот 28 од Уредбата за начелата за внатрешно уредување и систематизација на работни места во министерствата, посебните организации и службите на Владата, Министерката за државна управа и локална самоуправа донесе решение за формирање на посебна работна група за изработка на Акционен план, за остварување на правата на националните малцинства за поглавјето 23 во рамките на процесот на евроинтеграциите. Во составот на оваа работна група, како член на работната група е и претседателот на Националниот совет на македонската национална заедница.

Тања Мишчевиќ, шефицата на Преговарачкиот тим за водење на преговори за пристапување на Република Србија во Европската унија, истакна дека Акциониот план треба да одговори на препораките на ЕУ, за да се обезбеди континуирано подобрување на положбата на припадниците на националните малцинства.

Директорката на Владината Канцеларија за човекови и малцински права Сузана Пауновиќ, порача дека Канцеларијата со сите свои капацитети ќе пружи поддршка во текот на изработката на овој мошне значаен документ, и ќе продолжи да координира помеѓу министерствата во Владата и она што се случува во пракса. Таа потсети дека Координацијата на националните совети на националните малцинства беше клучен партнер во размена на информациите со националните совети, и дека и понатаму ќе биде гаранција дека целиот процес на изработка на документот ќе биде транспарентен и во неговата изработка ќе бидат вклучени националните совети.

Чедомир Бацковиќ, помошник на Министерот за правда и шефот на преговарачката група за поглавјето 23 на преговорите со ЕУ, истакна дека Акциониот план мора да биде пред сѐ спроводлив и реално остварлив во наредниот период. Со оглед на тоа дека поглавјето се однесува и на прашањата за основните права, тој нагласи дека е потребна поголема заштита на човековите права и дека Србија ќе вложи напори за да ја унапреди положбата на националните малцнства.

Иван Бошњак, државниот секретар во Министерството за државна управа и локална самоуправа, нагласи дека Акциониот план е можност, сѐ што е добро напишано во законот, врз мерливи резултати, да биде имплементирано. Тој  напомена дека Советот за национални малцинства е повторно активен, и дека на чело на Советот е премиерот Александар Вучиќ.

ЗМ

Add a Comment