МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелности » Потребна соработка помеѓу матичната држава и иселениците

Потребна соработка помеѓу матичната држава и иселениците 

potrebna-sorabotka

ВО БЕЛГРАД ОДБЕЛЕЖЕН ДЕНОТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Врз зачувувањето на македонскиот јазик надвор од границите на Македонија е потребно заеднички да се работи и со институциите што се грижат за македонскиот јазик во Македонија.

Здружението на Македонците „Македониум“ од Белград, во соработка со НИУ „МИИЦ“ и „Форумот на младите Македонци“, со пригодна програма во книжарницата „Делфи“ во Студентскиот културен центар го одбележа Денот на Свети Климент Охрид­ски. Специјално по овој повод, од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скоп­је допатуваа проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Снежана Веновска-Ан­тев­­ска, што организаторите ги беа поканиле да зборуваат за животот и делото на првиот словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската кни­жев­на школа, Свети Климент Охридски.

Професорките ги запознаа присутните и со современите тенденции и достигнувања во истражувањето на македонскиот јазик во Институтот за македонски јазик „Крсте Ми­сир­ков“ во Скопје.

Според нив, врз зачувувањето на македонскиот јазик и надвор од границите на Ма­ке­донија треба заеднички да се работи и да се соработува со институциите што работат врз ма­кедонскиот јазик во соодветните институции во Македонија.

-Многу е битно да постои соработка меѓу матичната држава, институциите како што е Институтот за македонски јазик и нашите иселеници, истакна проф. д-р Елена Јова­но­ва-Грујовска, која во последно време во Србија доаѓа по третпат и добро ги познава про­бле­мите со кои се соочуваат овдешните Македонци.

Со достигнувањата на иститутот „Крсте Мисирков“ присутните ги запозна проф.   д-р Снежана Веновска-Антевска, научен советник во Институтот за македонски јазик во Скопје, која го истакна значењето на заедничката работа на полето на зачувувањето на ја­зи­кот.

-Многу е важно нашите надвор од Македонија да имаат информација како се истра­жу­ва јазикот и на кои полиња најмногу обрнуваме внимание. Преку јазикот се шири маке­дон­ската култура и литература и преку него се сознава сопствената татковина и кога сме да­леку од неа, истакна Снежана Врановска Антевска.

Македонците во Србија се обидуваат да го сочуват македонскиот јазик и преку

изда­­нијата на НИУ „МИИЦ“, чии најнови изданија беа промовирани и на овој собир.

Иако се мали средствата што се извојуваат за културата во двете држави сепак, спо­ред Виктор Б. Шеќеровски, директорот на „МИИЦ“, потребно е повеќе да се работи. Ма­ке­дон­скиот јазик надвор од границите на Македонија може да се сочува и со меѓусебно повр­зување и соработка врз заеднички проекти.

Затоа, во рамките на овој проект, е проширена соработката и со други организации важни за ширење на јазикот и културата. Одржана е јазична работилница во Белград, а беа посе­тени и ОУ „Жарко Зрењанин“, Домот на културата „Братство-единство“ во Качарево и здружението „Вардар-Качарево“.

Гостин на оваа занимлива вечер беше и Добривоjе Бошковиќ, познат научник, поет, раскажувач, драмски писател и извонреден композитор, гитарист и пејач кој, со својот настап, исто така придонесе настанот да се помни.

Лилјана Лазареска

Add a Comment