МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Постигнато е многу, но може и повеќе

Постигнато е многу, но може и повеќе 

postigao-mnogo

ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Беше многу тешко да се работи, но полека ги развивавме сите тела кои и денеска постојат. И понатаму ќе се залагаме за понатамошна плодна работа, но потребно е матичната држава повеќе да се вклучи во реализацијата на проектите наменети за зачувување на јазикот во Република Србија.

Со ретроспектива на досегашната работа и богата културно-уметничка програма Националниот совет на МНМ во Република Србија на 20-ти декември во салата „Аполо“ во Панчево прослави 10 години од формирањето.

На прославата покрај претставници на Општината, домовите на културата и училиштата беа поканети сите членови и соработници на НС кои работеа во овие десет години. Присутните на почетокот ги поздрави првиот претседател на Советот, Јован Радески кој зборуваше за формирањето и првите резултати постигнати во првите 6 години, додека тој беше претседател.

-Беше многу тешко да се работи бидејќи уште на самиот почеток се соочивме со голем број на проблеми меѓу кои како најтешки за решавање беа обезбедување на простор и финансиски средства. Потоа полека ги развивавме сите тела кои и денеска постојат, истакна Јован Радески, почесениот претседател на НС на МНМ во Република Србија.

За работата и резултатите постигнати во вториот мандат зборуваше претседателот на Советот Борче Величковски кој истакна дека НС и понатаму ќе се залага за понатамошна плодна работа на оваа институција која се грижи за правата на македонското малцинство.

-Официелните резултати, за четирите последни години, документирани од страна на државните институции на Р. Србија, покажуваат респектабилен пораст во сите сегменти важни за Македонската заедница во овие простори, ни соопшти претседателот Величковски.

Историски преглед за формирањето на асоцијациите ширум Србија кои го сочинуваат САМС зборуваше претседателот Стеван Србиновски, а со успесите постигнати на полето на зачувувањето и ширењето на македонскиот јазик во информирањето и издаваштвото присутните ги запозна директорот на НИУ „МИИЦ“, Виктор Б. Шеќеровски кој ја нагласи потребата матичната држава повеќе да се вклучи во реализацијата на проектите наменети за зачувување на јазикот во Република Србија.

На прославата беа присутни и претставници од макеоднската амбасада во Белград госпоѓа Ирена Вишинска Бужаровска и советникот Александар Крстевски од чие име присутните ги поздрави и им посака успех во понатамошната работа.

По повод десетгодишнината од работата на НС на досегашните членови кои работеа во изминатите два мандата и на сите вработени во Националниот совет запридонес во работата и афирмацијата на Националниот совет на МНМ во Република Србија доделени се Јубилејни плакети.

Прославата на овој значаен ден за македонската заедница заврши со културно уметничка-програма во која учествуваа Урош Дојчиновиќ на гитара, Војислав Јоциќ на фагот, Ивана Мандиќ на виола, етно музичарот Горан Милошев и пејачката група „Тоше Проески“ од Качарево.

Лилајна Лазареска

Add a Comment