МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Најнови вести » ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА ОБСЕ

ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА ОБСЕ 

oebs

Претставничката на мисијата на ОБСЕ во Србија, задолжена за националните малцинства г-ѓица Милица Родиќ, во рамките на редовната активност на оваа меѓународна организација и постојаната комуникација со Националните совети на националните малцинства во Србија, го посети Националниот совет на македонската национална заедница во Панчево.

Во повеќечасовниот разговор со претседателот на Националниот совет Борче Величковски, секретарот Зорица Митровиќ и стручниот консуллтант за финансови прашања Јелена Јаќимовска, согледани се и одделните прашања од различни области, а пред се: главните предизвици во работата на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, проблемите со кои се соочува македонската национална заедница и работата на Советот на унапредувањето на положбата на припадниците на македонското национално малцинство, работата на Координацијата на Националните совети во Србија, оценката за известувањето за реализацијата на активностите зацртани со Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства, активностите во изработката на Законот за националните совети на националните малцинства, како и подготовките за изборите за Националните совети кои се планирани за 2018 година.

Во оваа прилика г-ѓица Милица Родиќ ги извести присутните за анализата на потребите на младите од малцинските заедници и поддршката кон Националните совети во креирањето на активностите со орјентирање кон помладата популација.

Претседателот на Националниот совет на македонскто национално малцинство Борче Величковски, истакна дека главниот предуслов за надминување на проблемите во функционирањето на Националните совети е решавање на правниот статус на Советите, неговата професионализација и одредувањето на јасните надлежности како на самите Совети, така и на органите во рамките на институциите, но и до нивната деполитизација. Величковски и Митровиќ, вои куси црти ја запознаа гостинката со досегашните резултати на Советот, но и со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат во областите на образованието, културата, информирањето и службената употреба на јазикот и писмото.

Учесниците на овој состанок се сложиа дека Националниот совет на македонската национална заедница има континуитет и забележани резултати, но се зазеде и став дека проблемите со кои се соочува Советот се воглавно производ на недореченоста и колизијата на законите кои го дефинираат работењето на овие институции во четирите области, како и широкиот спектар различни влијаниа на поединци и организации, кои за цел го имаат опструирањето на работата на националниот совет.

З. Митровиќ

Add a Comment