МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Посета на експертската мисија за Националните совети на националните малцинства

Посета на експертската мисија за Националните совети на националните малцинства 

poseta-ekspertske-misije

Со цел на изработка на сѐопфатна анализа на примена на Законот за националните совети на националните малцинства и утврдување на смерниците за неговата измена, во организација на Европската комисија – Директоратот за соседската политика и проширување и Министерството на државна управа и локална самоуправа, во Белград на 28 мај, одржана е експертска мисија со проф. д-р Рајнер Хофман. Македонскиот национален совет го претставуваше претседателот Борче Величковски, а учествуваа и претставници од германскиот, унгарскиот, црногорскиот, влашкиот, бугарскиот, буњевачкиот и чешкиот национален совет.

Цел на посетата беше анализа на имплементацијата на Законот за националните совети на националните малцинства во полето на образованието, културата, информирањето, како и официјалната употреба на јазиците и писмото на малцинствата. На состанокот станазбор и за финансирањето на националните совети, функционирањето на органите кои се во нивен составен дел, како и за специфичностите на законодавните рамки со кои се регулира оваа материја.

Заклучоците на оваа мисија ќе бидат од исклучителна корист за измена и дополнение на Законот за националните совети на националните малцинства, а договорено е и Советите на Министерството, како и на претставниците на ЕУ, да им ги достават своите предлози за измена и дополнение на овој Закон.

З. М

Add a Comment