МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Поквалитетно ќе се работи

Поквалитетно ќе се работи 

kvalitetno-se-radi

Начинот на спроведување и организирање на изборите на националните совети и многу технички прашања кои ќе ги олеснат предизборните активности и самите избори беа главна тема на состанокот одржан во Панчево.

Со цел изборите за националните совети подобро да се подготват и поминат во демократска атмосфера, по иницијатива на претседателот на Националниот совет на МНМ, Борче Величковски, во Панчево, на осми август, е одржан состанок на кој присуствуваа државниот секрeтар на Министерството за државна упава и локална самоуправа, Иван Бошњак и делегација од НС на МНМ составена од претседателот на Советот и директорот на НИУ„МИИЦ”, Виктор Шеќеровски. Главна тема на состанокот беше начинот на спроведување и организирање на изборите на националните совети, но се разговараше и за многу технички прашања кои ќе ги олеснат предизборните активности.

Низ еден конструктивен дијалог отворивме одредени прашања кои од техничка страна се поставуваат во рамките на организацијата за престојните избори. Разменивме и искуства кои беа стекнати на изборите во 2010 година, истакна на крајот на состанокот, државниот секретар на Министерството за државна управа и локална самоуправа, Иван Бошњак.

Оваа министерство досега излегувало во пресрет на сите барања кои ги поставиле малцинствата, тоа го потврдуваат низата состаноци одржани на територијата на АП Војводина, но и посетата на Панчево. -Го запознав државниот секретар со сите моменти и елементи со кои се соочуваме на самиот терен пред сѐ при анимирањето на Македонците за запишување во посебниот избирачки список. Во таа насока се договоривме, како и досега, заеднички да дејствуваме и да ги испочитуваме роковите кои се одредени, рече претседателот на Советот, Борче Величковски.

Законот за националните малцинства има јасни правила кои ги одредуваат активностите за изборите на националните совети. Важно е да се почитуваат роковите, заклучено е на состанокот. Изборите ќе се одржат на 26 октомври, а на 18 август, врз основа на запишаниот број на избирачи во посебниот избирачки список ќе се одреди на кој начин кое национално малцинство ќе го избере својот национален совет. И државниот секретар на Министерството за државна упава и локална самоуправа, Иван Бошњак и претседателот на Националниот совет на МНМ, Борче Величковски се надеваат дека изборите за националните совети ќе покажат еден нов квалитет, една нова демократија и дека по изборите уште поквалитетно ќе се работи на зачувување на идентитетот на малцинствата во Република Србија. Лилјана Лазареска

Add a Comment