МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » Повелба на морава на Уладо Урошевиќ

Повелба на морава на Уладо Урошевиќ 

morava

Во рамките на 51Меѓународни книжевни средби во Белград, академикот Влада Урошевиќ ја доби угледната награда Повелба на Морава. Ова е најзначајната награда што ја доделува Здружението на писателите на Србија, во рамките на Меѓународните кни­жев­ни средба, на кои учествуваат над 30 писатели од светот.

Претседателот на Здружението на писателите на Србија Радомир Андриќ, покрај другото, нѝ рече:

- Оваа наград ја имаат добиено и Гане Тодоровски, наш голем пријател и академик, потоа Љубомир Левчев од Бугарија, Ричард Бернс од Англија, Антонио Порпета од Шпа­ни­ја, Јачеслав Купријанов од Русија, Андријан Паунеску од Романија….Оваа награда се до­делува веќе 15 години и многу нѝ е драго тоа што, годинава, покрај нашиот поет Ми­ло­ван Витезовиќ, наградата ја добива и македонскиотакадемик Влада Урошевиќ.

Академикот Урошевиќ наградата ја доби поради големиот придонес во лите­ра­ту­ра­та, преводите и зближувањето на српската и македонската култура!

-Ми прави голема чест и задоволство доделувањето на наградата. Во младите годи­ни преведував дела од српски писатели на македонски јазик и повеќе дела од македонски пи­сатели на српски јазик. Се надевам дека со тоа сум придонел малку за зближувањето на српската и македонската култура и за подоброто разбирање меѓу нашите два блиски наро­да.

Наградата Повелба на Морава на академикот Влада Урошевиќ симболично му бе­ше доделена на традиционалниот камен во Мрчаевци крај Морава, каде што на споме­ни­кот на поезијата се испишани ими­ња­та на досегашните добитници, а наедно е прогласен и за почесен граѓанин на Мрчаевци.

 О. Радовановиќ

Add a Comment