МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Одбележан денот на државноста

Одбележан денот на државноста 

obelezen-dan-drzavnosti

Во Србија на 15 и 16 февруари, се одбележа денот на државноста во знак на сеќавање на 1804 година, кога во Орашац почна Првото српско востание за ослободување од Турската империја и денот на прогласување на првиот демократски Устав, познат како Сретенски Устав, усвоен 1835 година, кој го означи и почетокот на современата српска државност.
Претседателот на Р. Србија Томислав Николиќ, во чест на Денот на државноста положи цвеќе на Споменикот на Незнаениот јунак на Авала, во Домот на Војската на Србија во Белград го откри спомен –обележјето „Око соколово“ со ликот на познатиот српски борец и извидувач, Драгутин Матиќ.

Во зградата на парламентот, Николиќ на заслужните граѓани и институции им врачи признанија.
Инаку Празникот, Ден на државноста, е усвоен со Одлука на Собранието на Србија во 2001 година, а од 2012 година тој ден се прославува на 15 и 16 февруари.

К. В.

Add a Comment