МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Одбележана 10-годишнината од формирањето на Националниот совет на Македонците во Република Србија

Одбележана 10-годишнината од формирањето на Националниот совет на Македонците во Република Србија 

obelezena-godisnjica

Македонски паралелки во три населени места, печатење македонски буквари, водедување на македонскиот како официјален јазик во општина Пландиште, РТВ емисии во Нови Сад, Панчево, Ниш, Лесковац и Врање и печатењето на Македонска виделина и Видело, се дел од активностите на Националниот совет

Со неофицијалната химна „За многу години Македонци, каде и да сте“, бројната македонска заедница во Србија која, според проценките на ОБСЕ, е над 200.000 лица, претставена преку Националниот совет, ја одбележа 10-годишнинатана своето постоење.

Македонците овде живеат,речиси, во сите 178 општини и беше навистина тешко да се организираме, констатира Јован Радевски, првиот претседател на МНС. Почнавме со 4 здруженија, а денес имаме 35.

-Прво покренавме емисии на македонски јазик. Потоа ја формиравме новин­ско-издавачката установа со финансиска помош од покраината. Го формиравме наци­оналниот ансамбл Тоше Проевски. Бидејќи овде не го знаат мајчиниот јазик, ор­ганизиравме и курсеви на македонски јазик, изјави Јован Радевски, првиот прет­се­дател на НС на македонското малцинство во Р.Србија.

Македонски паралелки во три населени места, печатење македонски буквари, водедување на македонскиот како официјален јазик во општина Пландиште, РТВ емисии во Нови Сад, Панчево, Ниш, Лесковац и Врање и печатењето на „Македонска виделина“ и „Видело“, се дел од активностите на НС.

-Последните истражувања во Србија, направени од независни државни ор­га­ни, покажуваат дека НС на македонското малцинство има најсериозни исчекори и ние сме еден од највисоко рангираните Национални совети, рече Борче Величковски, претседател на НС на македонското малцинство во Р.Србија.

Македонците овдека имаат потреба од поголеми средства и барат отворање на македонски културен центар.

-Овде има потреба од отворање на македонски културен центар, затоа што официјално нè има околу 26.000,  но неофицијално во Србија живеат над 200.000 Ма­ке­донци. Таков еден центар не само што е потребен- тој е и неопхподен, рече Виктор Шеќеровски, директор на НИУ „МИИЦ“.

Националниот Совет е државна институција во рамките на српските власти, за­дол­же­на за унапредување и штитење на правата на полето на образованието, културата, информирањето и зачувувањето на јазиците.

 

Оливер Бранковиќ

Add a Comment