МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Нормализацијата на односите Белград ­ Приштина приоритет за ЕУ

Нормализацијата на односите Белград ­ Приштина приоритет за ЕУ 

normalizacija-odnosa-beograd-pristina

Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини најави дека во јануари ќе ги повика српскиот и косовскиот премиер на нов состанок, додавајќи оти нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина останува приоритет за ЕУ.

­ Се радувам на продолжувањето на нашата важна работа на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина. За ЕУ и за мене лично тоа останува висок приоритет, посочи Могерини по состанокот со првиот потпретседател на косовската Влада и министерот за надворешни работи Хашим Тачи.

Могерини и Тачи разговараа за напредокот на Косово.

­ Се согласивме дека сега, кога во Приштина е формирана нова Влада, треба со интензивирано темпото да продолжи работата во рамките на реформската агенда на ЕУ за да се овозможи напредок идната година, како во внатрешниот развој на Косово, така и на патот кон ЕУ, наведе Могерини.

Тачи посочи дека новата косовска Влада е подготвена за примена на Бриселскиот договор и за продолжување на дијалогот за нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.

­ Тоа најверојатно ќе биде во втората половина на јануари, а ние сме подготвени да го примениме постоечкиот и да разговараме за нови договори со Србија, истакна шефот на косовската дипломатија по средбата со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан. Тачи истакна дека главен приоритет на новата Влада ќе биде либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово и подготовките за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

­ Постојат многху конкретни работи кои треба да се направат за Косово да биде ставено на белата шенгенска листа, пред се воспоставување на владеењето на правото, наведе Хан.

Add a Comment