МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Никола Груевскина молебенво црковната базилика „СЕНТ КЛИМЕНТ“ во Рим

Никола Груевскина молебенво црковната базилика „СЕНТ КЛИМЕНТ“ во Рим 

gruevski-vo-rim

(МИА) ­ Претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски заедно со владината делегација во која се министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, присуствуваа на молебенот кој се одржа во црковната базилика „Сент Клименте“ во Рим по повод чествувањето на 24 мај­Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Со молебенот на гробот на Свети Кирил, чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква, Охридска архиепископија г.г Стефан. Молебенот беше дел од овогодинешната прослава и одбележување на делото на просветителите Св.Кирил и Методиј, со што владината делегација ја заврши својата посета на Рим и Ватикан.

- Во Ватикан се сретнав со поглаварот на римокатоличката црква папата Франциск, при што ги истакнав стратешките правци и приоритети на Република Македонија, предизвиците на државата, и секако го поканив да ја посети Република Македонија, истакна премиерот Груевски и рече дека Република Македонија со должно внимание го чествува делото на светите браќа Кирил и Методиј и нивната значајна просветителска улога и дејност. ­

Архиерејот на МПЦ г.г Стефан по молебенот во својот говор нагласи дека поради нивното дело светите браќа Кирил и Методиј се почитувани и од христијани и луѓе кои не се од христијанска вероисповед, и од македонскиот и од словенските и од други народи, и од верници и од неверници, затоа што нашиот и многу други народи ја разбраа вистината преку разбирливиот јазик, писмо и проповед. ­ Нивниот единствен мотив бил да ја следат Христовата порака упатена кон неговото вознесение.

Add a Comment