МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Најнови вести » Најпознатиот Македонец на Белградските пазари

Најпознатиот Македонец на Белградските пазари 

najpoznaitji-makedonac

Милован Михајловски од Тајмиште, Кичевско, секојдневно го среќаваме на Калинич пазарот во Белград. Лесно може да го најдете. На тезгите кои ги држи, со големи натписи тој ги рекламира своите производи. Сите со префиксот македонскиграв, ориз, кромид, костени, патлиџани, краставици…..Најубавото од Македонија!

-Пред 45 години од Тајмиште сам дојдов во Белград да живеам. Веќе 15 години продавам на пазарот и тоа исклучиво македонски производи. Од Македонија ги носам нашите најбарани брендови кои ми ги бараат белграѓаните. А тоа се секако тетовскиот грав, кочанскиот ориз, планинскте костени, струмичкиот патлиџан и краставици, бањичкиот кромид, везени пиперки, ајвар, бостан…….

-Јас сум единствениот Македонец со моите два сина овде на белградските пазари и на Калинич пазарот кој збори на македонски и кој продава исклучиво македонски производи, со гордост ни вели Милован Михајловски

И ние самите се уверивме, дека кај Миле има најголема турканица. Белграѓаните веќе го знаат мошне добро кој е Миле и одамна ја почитуваат неговата преполна тезга на која можат да ги побараат македонските производи. Највуксни се, несомнено. Но не се само тие вели Миле:

-Многу Македонци среќавам на пазарот. Навистина нѐ има многу овдека во Белград. И не само од Западна Македонија. Многу повеќе доѓаат од Источна Македонија. Кога ќе им прозборам македонски, гледам кај нив задоволство и секако: за нашите цените се помали. Сакам да им направам ќев, да си направат дома македонско оригинал тавче гравче, бамија или салата од везени пиперки и др. Дома си збориме македонски, и со синовите, дури и снаите и внуците ги научивме да зборат македонски. Сите се декларираме како Македонци и сите се запишавме во посебните спискови во општина како припадници на македонската заедница во Србија. Ги повикувам нашите, кај мене на пазарот да дојдат, да земат македонски производи кои се најубави овдека во Србија. И муабет да си направиме, вели и не чести со македонска ракија .

Минутите со Миле, во двомилионскиот Белград на пазар, со највкусните македонски производи пред Вас, се секако несекојдневно искуство. И потоа, дома, со нашите традиционални гастрономски специјалитети се чувствуваме како да сме на викенд негде во нашата Македонија.

Драгана Радниќ

Add a Comment