МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Култура » МУЗИЧКАТА МАГИЈА НА ИРЕНА ЈОСИФОСКИ

МУЗИЧКАТА МАГИЈА НА ИРЕНА ЈОСИФОСКИ 

irena

Веќе со првиот допир на инструментот виолончело, Ирена Јосифоски збунува и восхитува.

Некогаш „чудо од дете“, денес Ирена е меѓу врвните генијални музички изведувачи со чудесна музичка магија што ги опчинува човековите сетила.

Одлучноста, изведувачките импулси, ставот и изгледот се нејзини особености за сигурно владеење со виолончелото што секогаш ни ја нуди својата сплотеност со звукот произведен со волшебство.

Таа остава и извонреден впечаток, сигурност во комуникацијата со оркестарот и моќта да ни пренесе своевидно уметничко доживување.

 

Ирена Јосифоски виолончело свири од својата 5 година во музичкото училиште „Исидор Бајиќ“, во Нови Сад, во класата на својата мајка Јудит Нидерхолцер-Јосифоски.

Тука ја завршува и Академијата на уметност, во класата на проф. Марко Милетиќ.

Веднаш потоа ја завршува и познатата Академија „Hochschule fur Musik“ во Германија.

Во мај оваа година Ирена беше прогласена за најмлада во полуфиналето на престижното натпреварување во Брисел, „Кралица Елизабет“, во Белгија.

Ирена Јосифоски има завршено и мајсторски курсеви кај најпознатите светски педагози и познавачи на виолончелото.

 

Нејзиниот живот е исполнет со бројни настапи ширум светот. Специјајно за неа имаат напишано и посветено композиции познатите домашни и странски мајстори како што се Тибор Хортинг, Дејан Деспиќ, Александар Вујиќ, Светозар Саша Ковачевиќ и други.

Секоја генерација има свои асови, но како што е Ирена во својот музички фах на виолончело, е вистинска реткост.

Постигањата на оваа импулсивна, изонредна и величествена уметничка се неодгатливи.

Досега Ирена има освоено над 50 награди и признанија на разни натпревари во Европа и Светот. Здружението за музичка уметност на Србија, 2015 година ја има прогласено за најуспешна млада уметничка до 30 години.

Има над 500 јавни настапи од САД, Англија Шпанија, Италија, Германија, Чешка, Австрија, Маџарска, во Нови Сад, Белград, Скопје, Сплит и Загреб.

Нејзиното мајсторство веќе е влезено во историјата на овој племенит музички инструмент.

Ирена Јосифоски е гордост на Србија, но и за нас Македонците, зашто таа се гордее со македонското потекло. Секогаш ја користи можноста да го истакне своето потекло.

Родена е во музичко семејство. Дедото Перо Јосифоски, познат диригент, музиколог и композитор у бабата Беба Јосифоска, професор и музички педагог, се нејзините безрезервни строги критичари, но и дарежливи во пофалбите за сѐ она што ипм дарува со музиката.

-Ирена е, без сомнение, веќе дел од светската музичка сцена и нејзината свеченоста, ни вели Перо Јосифоски, но морам да ја кажам мојата зачуденост која ми лежи на срце. И покрај бројните и значајни награди во својот фах, и покрај поканите и настапите на најголемите светски сцени каде ја презентира на достоинствен начин Србија, како амбасадор на културата, а упатени се до сите релеванти институции молби за помош, никој не најде за потреба да ѝ помогне да има соодветен и квалитетен инструмент.

Никој!

Душица Илин

Add a Comment