МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Меѓународниот фестивал ,,Маглич 2017” во знак на македонската култура

Меѓународниот фестивал ,,Маглич 2017” во знак на македонската култура 

maglic

Меѓународниот традиционален фестивал ,,Маглиќ“, оваа година беше посветен на презентацијата на македонското културно наследство и промоција на македонско-српското пријателство. Во рамките на свеченото отворање на манифестацијата, претставена е традиционалната македонска кујна, познатиот македонски бренд ,,Тиквеш”, издаваштвото на Новинско издавачката установа ,,Македонски информативен и издавачки центар”,  а отворена е и изложба на слики и скулптури на македонските ликовни уметници кои живеат и творат во Србија (ДЛУМС).

Добредојде на сите гости и партнери во организацијата на фестивалот, им посака директорката на Културниот центар ,,Рибница” во Краљево, Елизабета Тодоровиќ. На присутните им се обратија и Васил Галев, претседател на Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија, Благоја Илијевски ,член на македонскиот национален совет и новоизбран претседател на САМС, Искра Пенева, поетеса и потпретседателка на Одборот за култура на Националниот совет и Марија Продановиќ, претседателка на здружението ,,Кирил Пејчиновиќ” во Краљево, коепружи голема помош во реализација на оваа манифестација.

Во рамките на повеќедневната култутно уметничка програма, краљевачката публика имаше прилика и да ужива во концертите на етно пеачката Даница Крстиќ, нашиот славен Влатко Стефановски и македонската етно група ,,Љубојна”, но и да ги види современите македонски играни филмови.

Организаторите ја оценија манифестацијата како успешна, со надеж дека ке продолжи нивната соработка и на други проекти во иднина.

З. Митровиќ

Add a Comment