МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Македонците од Србија побараа од претседателот Иванов поголема поддршка во зачувување на идентитетот

Македонците од Србија побараа од претседателот Иванов поголема поддршка во зачувување на идентитетот 

makedonci-od-srbije

Претседателот Иванов во рамки на официјалната посета, во Панчево се сретна со претставници на Националниот совет на македонската заедница во Република Србија…

На средбата, македонците од Србија ги посочија предизвиците за македонската заедница во доменот на зачувување и промовирање на македонскиот јазик, култура и традиција. Тие побараа од Иванов поголемо вклучување на матичната земја во образованието.

„Македонскиот јазик со елементи на националната култура е воведен пред две години во образовниот систем во Србија, а борбите и битките сега ги водиме локално околу правење на букварите и отворање на македонските одделенија и очекуваме поголема подршка од претседателот Иванов“, изјави претседателот на Националниот совет на Македонците, Борче Величковски. 

Според Величковски, комуникацијата со матичната држава до пред неколку години не одеше во најдобра насока, но таа сега е се подобра.

„Од 2010-та можам да кажам дека комуникацијата не само што е редовна, што покажува и оваа посета, веќе не е само декларативна туку и реална. Република Македонија ни помага во многу наши активности. Имаме испратенио преку 150 студенти кои се испратени во Македонија на студии, ни помага преку проекти, што е еден нов момент. Она што е исто така битно е и доаѓањето на првата мобилна станица на полицијата во амбасадата преку која можеме да вадиме документи“, додаде Величковски.

Националниот совет е државна институција при владата на Србија, кој успеа во општина Пландиште да го воведе македонскиот јазик како официјален јазик, да отвори македонски одделенија во три населени места и да реализира богата издавачка дејност печатејќи повеќе магазини и книги на македонски јазик.

Во Србија според ОБСЕ живеат над 150.000 лица со македонско потекло.

Оливер Бранковиќ

Add a Comment