МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Македонците избраа Национален совет

Македонците избраа Национален совет 

makedonska

Листата „Македонците заедно” убедливо победи и нормално дека ќе има најголем број на членови на Националниот совет. Секако дека во наредниот период ќе продолжиме со сите досегашни започнати работи”, рече Борче Величковски, носител на листата „Македонците заедно.

 

84 електори што ја преставуваат македонската заедница од цела Србија, решија да се гласа за 2

изборни листи. Едната е изборната листа „За Македонците пред се” на Славе Груевски од Горни

Милановац, а втората на Борче Величковски од Панчево со листата „Македонците заедно”.

Македонците и останатите 19 национални малцинства одржаа избори за национални совети.

Изборите се спроведоа преку електорско собрание, на кое учествуваа 84 преставници на

гласачкото тело на македонската зaедница. Се гласаше за 23 члена за Националниот совет, преку

две изборни листи.

Гласањето се одвиваше тајно, а по пребројувањето на гласачките ливчиња, од 84 електори, 55 ја

подржаа листата на актуелниот претседател на националниот совет Борче Величковски.

Листата „Македонците заедно” убедливо победи и нормално дека ќе има најголем

број на членови на Националниот совет. Секако дека во наредниот период ќе продолжиме со сите

досегашни започнати работи”, рече Борче Величковски, носител на листата „Македонците

заедно”.

Втората листа на Славе Груевски освои 28 гласа.

„За разлика од изборите во 2010 година овие избори, ако се по пат на електори се многу успешни

и можеме сите да бидеме задоволни”, рече Славе Груевски, носител на листата „За Македонците

пред се”.

Според Донтовиот метод, во идниот Национален совет листата на Величковски ќе има 15 члена, а

од втората листа се избрани 8 члена. Од нив најдоцна за 20 дена ќе се избере претседател и

стручните тела на советот.

Националните совети се уставна институција, преку која малцинствата во Србија ги остваруваат

правата во областа на културата, образованието, информирањето и службената употреба на јазикот.

Малцинските избори ги спроведе државната изборна комисија, а истите беа набљудувани од

преставници на ОБСЕ и ЕУ.

Add a Comment