МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Политика » Македонија ќе добие нов државен грб

Македонија ќе добие нов државен грб 

Владата на Република Македонија го усвои нацрт­ законот за нов државен грб. Новиот државен грб за кој ќе следува јавнарасправа.

Предложениот нов државен грб содржи црвен разгневен лав во златно – жолт штит сомурална круна во форма на тврдина во горниот дел.

Причините кои се образложени во предлогот, се враќање кон историскитесимболи.Македонија и Белорусија се единствените земји во Европа кои се уште користат амблемиинспирирани од советска хералдика.

­grb-levoСегашниот грб на Република Македонија е во целост дизајниран според грбот на СоветскиотСојуз, според кој беа дизајнирани и грбовите на сите Советски Републики. Задолжителнитеелементи на сонце, ѕвезда петокрака, житни класје поврзани со лента со народни мотиви, госимболизираапосветлото опшество на комунизмот до кое се доаѓа преку трудот наработничката класа и земјоделците, стои во предлогот.

Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стенографиите на Витезовиќ во 1694 иЖерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.

Содонесување на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји, какоземја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина,промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еденоснов во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори, се наведува во предлогот.

За да се промени симболот потребна е измена на Уставот односнодвотретинско ибадентерово мнозинство.

Add a Comment