МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Актуелно » Македонија сè повеќе не заборава

Македонија сè повеќе не заборава 

makedonija-se-poveke-ne-zaboravlja

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА ЗА ПЕРИОД ОД I – VI2015 ГОДИНА

За овие шест изминати работни месеци во 2015 година, како што можете и сами да видите од финансискиот извештај, се добива иста сума како и пред пет години!

Проблемите со кои се суочува Македонскиот информативен и издавачки центар, потполно ни се познати, така да ниту не изненадуваат, ниту, ние лично можеме да влијаеме премногу. Со години констатираме дека секоја работна година е се потешка и оптоварена со бременити економски и социјални потешкотии. Како што нагласив сретствата што ги добиваме се речиси истоветни и не се менуваат со години, а сите услуги, потреби, материјали за реализација на основната дејност се зголемија за повеќе од 40 насто. Филозофијата да си ги пружиме ноџињата колку ни е чергичето долго, јас лично не ја почитувам, што е и евидентно поради зголемените активностите и за овој период од шест месеци. Тука мислам на редовната подготовка, техничкото уредување и печатење на „Македонска Виделина“ во тираж од 1.600 примероци на 36 колорни страници, заедно со детското списание „Ѕуница“. Тука е и кварталното списание за култута, книжевност и уметност „ВИДЕЛО“, во тираж од 300 примероци на преку 350 страници и ново покренатото тројазично списание за деца и младина „АЛКА“ на српски, македонски и ромски јазик. За жал, поради недостаток на пари во 2015 година отпечатен е само еден број, но подготвен е и другиот број кој наскоро би тербал да излезе од печат.

За овие шест месеци „Македонскиот информативен и издавачки центар“, со испомош на Националниот совет, успеа да ја формира Националната библиотека, да ги класифицира книгите по сите библиотекарски стандарди, рака на срце, со сеуште скромен фонд на книги, но таа од година во година ќе се обогатува со нови наслови. Што се однесува до ревијата „Македонска виделина“, детското списание „Ѕуница“ и списанието за книжевност, култура и уметност „Видело“, редовно и на време се пред читателите и уредно се доставуваат до сите македонски Здруженија во Србија. Што се однесува до оценување на стручноста и квалитетот во извршувањето на задачите за основната дејност на НИУ „МИИЦ“ и почитувањето на целната работна должност, пред се целисходноста и функционалноста на ревијата „Македонска виделина“, детскиот подлисток „Ѕуница“, детското и младинско списание „АЛКА“, списанието за книжевност, култура и уметност „Видело“, се подразбира и самата издавачка дејност со која НИУ „МИИЦ“ посебно се гордее, подложни се, пред сѐ на конструктивна а секако и добронамерна критика со соодветни аргументи. Во овој контекст сакам, почитувани членови на Националниот совет, да го искажам моето незадоволство во врска со овогодишните проекти на НИУ „МИИЦ“, кои, за жал, не беа прифатени на прави начин ниту од Покраинскиот, ниту од Републичкиот секретаријат за култура! Токму поради ова, сакам да кажам дека ја примам целата вина и свесен сум дека овој, мошне одговоред дел на задача, не сум ја одработал ниту квалитетно, ниту одговорно.

Но, да не биде баш толку црно, од Министерството за култура од Р. Македонија ни соопштија дека еден проект е прифатен, а за неговата реализација ќе ни биде одобрено 6.000 до 7.000 евра.

Во слопот на овој проект авторот на книгата, Љубиша Георгиевски се откажува од хонорарот во полза на НИУ „МИИЦ“.

Што се однесува до тројазичното списание за млади „Алка“, успоставени се контакти и разговарано е со претставниците на Ромите во Панчево и Белград. И по моја лична оценка, осем пофалбите и благодарноста што на мошне квалитетен начин, афирмативно и актуално ги претставуваме , не е постигнат никаков конкретен договор.

Она што мене ме храбри е разговорот воден во Агенцијата при Норвешката Амбасада во Белград, каде ова списание го оценија како многу занимлив и , како рекоа, единствен таков проекат кој треба да заживее на прав начин.

Договорен е состанок при крајот на јули или почетокот на август, поради годишните одмори, на кој ќе добијеме конкретни инструкции како да го подготвиме проектот, кој треба да е на српски и англиски јазик и со сите калкулативни елементи за неговата реализација.

Во текот и на оваа година „Македонскиот Информативен и издавачки центар“ ќе ја организира познатата и традиционална манифестација Денови на македонската култура, „СЕБЕСИ ВО ПОХОД“, која, како и традицијата налага, ќе тргне од Белград, со нашите писатели кои живеат во Србија и гостите од Р. Македонија, за потоа, како организиран караван да ги посети градовите од Суботица до Врање и Пирот.

И во ова кратко обраќање до вас, почитувани членови на Националниот совет, сакам искрено да им заблагодарам на соработниците, кои навистина квалитетно и на време ги бележеа сите битни случувања во овие простори и во многубројните Здруженија и никој не се пожали на хонорарите, кои морам да призаам, се речиси симболични.

На крајот не можам а да не ја пофторам мојата позната констатација која гласи: Имајќи ги во вид социјалните и економски прилики во нашава држава, приклучувајќи ги и институциите и политичкото расположение кое не опкружува и со кое живееме, индолентноста и индиферентноста на нашата домицилна татковина Македонија, мислам дека и во овие шест месеци, НИУ „МИИЦ“ има направено ако не преголем, сепак видлив позитивен исчекор.

 Виктор Б. Шеќеровски

Add a Comment