МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР - МАКЕДОНСКА ВИДЕЛИНА
Вие сте тука: Почетна страна » Најнови вести » Лазански: Вашингтон ги даде наредбите ОВК да нападне во Македонија?

Лазански: Вашингтон ги даде наредбите ОВК да нападне во Македонија? 

lazanjski

Познатиот српски воено­политичкиот аналитичар , Мирослав Лазански, оцени дека Албанците од Косово не ја зазеле од кејф полициската караула во липковскиот регион, ниту пак од хоби, туку тие добиле директен налог од Вашингтон, на кој од политички и економски причини им е потребна нестабилна Македонија.­Се прават како што им е сервирано од Вашингтон и ситуацијата во Македонија ќе се одвива онака како Вашингтон ќе посака, заклучува Лазански.

-Можно е некој од Западод да вмешал прсти во Македонија и таа траса на рускиот гасовод да биде ставена под знак прашалник и да не биде реализирана поради ситуацијата во Македонија, која сакаат да ја направат да биде нестабилна…. Познатиот српски воено­политичкиот аналитичар кој објавува текстови во Политика, Мирослав Лазански, оцени дека Албанците од Косово не ја зазеле од кејф полициската караула во липковскиот регион, ниту пак од хоби, туку тие добиле директен налог од Вашингтон, на кој од политички и економски причини им е потребна нестабилна Македонија. ­Се зависи од тоа што ќе им каже Вашингтон, ако на Вашингтон им одговара нестабилна ситуација, тогаш ова ќе се повторува, изјавува Лазански. Воено­политичкиот аналитичарза вчерашниот напад на Албанците, кој МВР го оквалификува како терористички акт, укажа дека може да биде поврзан со Вашингтон со цел да се спречи изградбата на „Турски тек” зад кој стои Русија.

­-Тоа значи, доколку гасоводот „Турски тек” од Русија дојде до Турција, доколку помине низ Грција, тогаш Македонија е таа која треба да ја одобри следната тераса на гасоводот. Можно е некој од Западод да вмешал прсти во Македонија и таа тераса на гасоводот да биде ставена под знак прашалник и да не биде реализирана поради ситуацијата во Македонија, укажа Лазански. Тој напомена дека све поприсутни се и гласините на заговарање на така наречената Голема Албанија, се со цел по секоја цена да го спречи влезот на Русија во Југоисточна Европа, и политички и економски. ­

-Отаму доаѓа и приказната за Голема Албанија и потикнување на тензии во Македонија, вели Лазански. Тој нагласил дека Албанците можат да бидат на момент охрабрени, но во никoј случај не би превзеле ништо спонтано без договор со Американците ­Се прават како што им е сервирано од Вашингтон и ситуацијата во Македонија ќе се одвива онака како Вашингтон ќе посака, заклучува Лазански.

Add a Comment